Здраво јас сум Николче Симовски имам 28 години, не сум вработен, а и да ви кажам право и не барам работа, оти како велат Србите „Све док је оваца, нече фалит вуне“.
Јас иначе сум многу опасно чоече и голем матрапас, а исто така кај нас не викат и со уште неколку имиња, мунасип и ачик љуѓе, дури во наша чест измислија и термин трговци поединци. Само ќе ве молам неќам да дојди до забуна и да не мешате со оние џамбазите, тие се многу расипани и ептен ситничарат и најчесто тргуват со коњи и магариња шо ги крадат од по дворојте, а оној шо купва старо железо порано и тој беше џамбас. Да бидам искрен мене ме бива за се, нема нешто шо неможам да средам кај нас во Битола.
Кај мене дома ова ни е традиција и од секоја генерација има по некој да го продолжи бизнисо. Најпрв беше прадедо ми. Ако се сеќавате ко почна втората светска војна нашите немаја шмајзери, туку пукаја со пушки обични. Ама прадедоми многу ачик чоек, се вработи стражар кај Германците и почна да кради од шмајзерите и му ги продаваше многу евтино на Партизаните. Ама многу мака имаше прадедо ми од Павтаро, дека еднио до Брусник другио од Лавци се неќеја, и почна да го кодоши кај шефо и го преместија кај авионите да ги чува. Па после то исто така ако се сеќавате на оној филмо со првата воена ескадрила, то е вистинска приказна прадедо ми ги украде авионите и му ги шитна на Партизаните иначе до ден денес немаше да имаме авиони и зато ние како фамилија испративме барање да му се напрај на чоеко еден споменик во проекто Скопје 2014г.
После то продолжи дедо ми. Тој беше многу итро чоече, за време на посните слави одеше по селата и откупваше џмиринки, или чварки, пршки, како и да е … И после ко ќе дојдеа мрсните слави му ги продаваше два пати поскапо, а на Скопјаните за инает трипати поскапо му ги продаваше.
После дојде на ред татко ми и тој мислам дека ќе остани долго во сеќавањата на сите Битолчани, како еден од најголемите мунасип, ачик љуѓе во градо заедно со добро познатата и најголема афера ТАТ. Е до душа многу луѓе се испообесија ама то е, нема поќе место на улиците за слабите играчи.
И како шо носи редо и мене ми дојде времето. Се думав така шо да прам и шо поќе да заработам и на крајот ми текна. Си реков, ќе тргнам по примерот на плеада матрапас и мунасип љуѓе во државата шо дојдоја епизодно во Битола, па си реков шо не одам па да си го земам фудбалскио клуб, секако има еден куп деца опасни фудбалерчиња, ќе си ги полажам дека се ќе се среди, нека истренират во летото, а и колку треба за во нашето прванство, нека стојат вместо само и нека подават со топката, најмалку трети ќе бидат, за со Вардар дома ќе му стегнам на сите по 100 евра, публика топ стадионо, ако тепаме дома можи и за прво да се бориме. А на крајо ко ќе дојди сезоната, 3-4 месеци плата не му давам, ќе ги удрам најарните поуши, кој Германија, кој Австрија, кој Белгија, франција наваму натаму ќе си стопам 200-300 иљади евра и си бегам после Австралија или Америка и уживам некое време, па овие нека викат сакаме стадион. Оти шо па да не ми речи некој нешто, еден куп Мунасип типчина поминаја од тука, го сакатија Пелистер, дојди продај неколку души сјојси, оти и јас да не напрам, секако за некоја година ќе излезат други играчи, па тој после мене шо ќе дојди ќе можи и тој да си продај, некоја банка да си напрај…
Ајде сега пријатно одам да видам по овие форумите шо пиши, дали ќе ми го дат клубо или не, ако ми го дат ехее, а да ви кажам право решив тренер да не клавам, нека играт лажена таму секој тренинг, да не давам пари без веза!!!
Автор: Виктор А.К.А. Башлак
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.