Ви ги претставуваме најозлогласените експерименти на сите времиња. Некои од најфасцинантните, а во исто време и најодбивните експерименти воопшто спроведени кои докажуваат дека ние сепак криеме и мрачна страна во нас.
1. Експериментот за конформизам на Аш (1953)
Во текот на педесеттите, Соломон Аш спровел и објавил серија лабораториски експерименти кои покажуваат до која мера личните мислења на поединецот зависат од мнозинската група. Група машки студенти учествувале во едноставна „перцептивна“ задача. Во реалноста сите освен еден учесник биле актери, и фокусот на студијата бил ставен врз тоа како тој учесник ќе реагира на однесувањето на другите.
Експериментот во својата замисла бил многу едноставен; од секој учесник се барало да даде одговор на серија прашања, како на пример која од линиите е најдолга или која линија се совпаѓа со линијата за пример. Учесниците дале најразлични одговори, најпрвин точни за да се избегне сомнеж, а птоа следувале и погрешните одговори. Резултатите биле интересни, покажувајќи дека притисокот на групата може да биде значителен при донесувањето на суд од страна на поединецот.
Одговорите на контролната група, т.е. групата испитаници кои не биле подложени на ваков притисок од страна на актерите, биле сите точни, со исклучок на еден, т.е. од 35 одговори на испитаниците од контролната група, само еден бил погрешен.
Резултатите на другата група биле доста интересни; кога биле опкружени со луѓе кои го давале погрешниот одговот, речиси една третина од испитаниците исто така гласале за неточната опција, од што се заклучува дека притисокот од страна на групата во која се наоѓа поединецот може да биде значаен чинител.
2. Експериментот „Добриот Самарјанин“
Библиската приказна за добриот Самарјанин, доколку не сте ја слушнале, раскажува за тоа како еден Евреин бил ограбен и оставен повреден на патот. Минувале други Евреи, меѓу кои и свештеници, но никој не сакал да му помогне, за на крај да помине еден Самарјанин кој го однел во најблиската гостилница кадешто го оставил на чување и ги платил трошоците од свој џеб за тоа. Психолозите Џон Дарли и К. Даниел Батсон сакале да испитаат дали религијата има некакво влијание врз желбата да се помогне.
Истражувачите почнале со три хипотези:
1. Подготвеноста да се помогне во ништо не се разликува помеѓу религиозните и нерелигиозните луѓе.
2. Има помала веројатност дека луѓето кои брзаат би застанале да помогнат некому.
Луѓето кои се религиозни „на самарјански начин“ се повеќе подготвени да помогнат од тие кои се религиозни „на свештенички или левитски начин“. Со други зборови, луѓето чијашто религиозност зависи од тоа што би добиле од религијата се помалку подготвени да пријдат на помош за разлика од ние кои ја ценат религијата поради нејзините вредности или коишто преку религијата трагаат по смислата на животот.
За потребата на овој експеримент биле регрутирани испитаници од верско училиште. Првин пополниле прашалници за нивната религија, за да се процени третата хипотеза. Потоа почнале со експериментални процедури во една зграда, по што им било кажано да продолжат во друга зграда. На патот налетувале на човек легнат на патеката, при што не се знаело дали човекот е пијан или повреден.
Во првата зграда на испитаниците им била наложувана итност во различен степен од испитаник до испитаник. На еден интервјуто се состоело во подготовка на домашна задача, со друг се дискутирало за приказната за добриот Самарјанин. На некој од испитаниците би му се кажало да побрза и во втората зграда да пристигне најдобро што може; на друг би му се кажало дека има време уште неколку минути, но сепак би било добро да побрза.
Скалата на подготвеност да се помогне била поставена на следниот начин:
0 – не ја забележал жртвата која имала потреба од помош.
1 – почувствувал потреба, но не понудил помош.
2 – не застанал, но помогнал индиректно (кажал на некој друг кога пристигнал на одредиштето).
3 – застанал и прашал дали има потреба од помош.
4 – по запирањето инсистирал да ја внесе жртвата внатре и потоа ќе ја оставел.
5 – одбивал да ја остави жртвата и инсистирал да ја однесе на место кадешто ќе прими соодветна помош.
Се испоставило дека степенот на итност да се пристигне и заврши определена задача кај испитаниците имал поголемо влијание врз нивната подготвеност да помогнат (дури и по разговорите за добриот Самарјанин).
Севкупно земено, 40 отсто од нив понудиле помош. Кога не морале да брзаат, помогнале 63 отсто, во среден степен на итност помогнале 45 отсто, а во степен на висока итност помогнале 10 отсто. Од тие што разговарале за добриот Самарјанин помогнале 53 отсто, а од тие кои разговарале за секојдневни задачи 29 отсто.
Многу од субјектите кои не запреле да помогнат во втората зграда пристигнале видно вознемирени. Тие биле во внатрешен конфликт помеѓу тоа да помогнат и да стигнат на време и да ја завршат задачата поставена од експериментаторот.
3. Распределување на одговорноста – експеримент за апатијата на набљудувачот (1968)
Ефектот на страничниот набљудувач за прв пат бил демонстриран во лабораториски услови од страна на Џон Дарли и Биб Латан во 1968 г. откако се заинтересирале за темата по убиството на Кити Џеновезе во 1964. Истражувачите покренале серија експерименти кои резултрале со мошне силни и повторливи резултати во социјалнта психологија. Во типичен експеримент, учесникот или е сам или во кгрупа со други испитаници или соработници. Потоа се глуми итна ситуација. Истражувачите мерат колку време ќе им треба на испитаниците да реагираат, и дали воопшто некој ќе интервенира. Овие експерименти покажале дека често импулсот да се помогне е потиснат во присуството на други луѓе. На пример, Биб Латане и Џудит Родин направиле експеримент во кој жена глумела силна вознемиреност. 70 отсто од луѓето кои биле сами во таа ситуација повикале помош или пак самите пристапиле нудејќи помош, додека кога биле со други луѓе, подготвеноста да се помогне опаднала на 40 отсто.
4. Стенфордскиот затворски експееримент (1971)
Стенфордскиот затворски експеримент бил дел од проучувањето за тоа како влијае доделената улога врз психата на човекот и соживувањето на човекот со улогата. Експериментот бил извршен во универзитетот Стенфорд од страна на истражувачи предводени од страна на професорот по психологија, Филип Зимбардо. Експериментот бил финансиран од страна на американската морнарица.
На 25 студенти по случаен избор им била доделена улога било на стражар, било на затвореник и требало определен период да престојуваат во подрумските простории на универзитетот кои биле преуредени во божемен затвор. Запрепастувачки за истражувачите, испитаниците толку многу се соживеале со улогите, што „стражарите“ наметнале авторитарен режим, па дури подложиле и некои од затворениците на психичка тортура. Повеќето од „затворениците“ се помириле со овие услови, па дури по барање на „стражарите“ малтретирале други „затвореници“. Експериментот се одразил и на самиот Зимбардо, кој во улога на надзорник дозволил експериментот да продолжи и покрај суровото однесување. Нештата толку се влошиле, што експериментот бил прекинат по само шест дена.
Резултатите покажале дека ситуацијата и улогата која ѝ е доделена на личноста имаат поголемо влијание врз тоа како ќе се однесува, отколку нејзиниот личен карактер.
5. Експериментот на Милграм (1961)
Овој експеримент истражил до која мера може да оди покорноста на поединецот кон авторитетите. Експериментот бил спроведен од страна на психологот Стенли Милграм во 1961, три месеци по почнувањето на судењето на нацистичкиот воен злосторник Адолф Ајхман. Целта на Милграм била да проучи дали Ајхман и неговите соучесници биле согласни со целите на холокаустот, т.е. дали навистина сакале да ги истребат Евреите.
Испитаниците биле регрутирани со помош на оглас во весник, и на секој од нив им била исплатена надомест во износ од 4.5 долари. Потоа биле носени во просторија од којашто требало да нанесуваат електрошокови врз учесник во експериментот (актер) доколку даде погрешен одговор на определени прашања.
Прекинувачите за струја биле обележани со бројки од 30 до 400 волти, но и описно со зборовите „слаб шок“, „умерен шок“ и „опасност: силен шок“. Последните два прекинувачи биле обележани само со„ХХХ“.
Како што експериментот продолжувал „жртвата“ почнувала да се жали, да вреска и да моли да биде ослободена, дури и со оправдувања дека има проблеми со срцето. До испитаникот стоел експериментаторот кој му наредувал да продолжи со нанесувањето струјни удари со заповеди од типот:
1. Ве молам, продолжете
2. Експериментот од вас бара да продолжите
3. Апсолутно е неопходно да проолжите
4. Немате друг избор, освен да продолжите.
Нивото на струен удар кој бил подготвен да го нанесе испитаникот било земено како мерило за нивото на покорност кон авторитети. Пред започнувањето на експериментот, истражувачите проценували дека само три проценти од испитаниците би го нанеле крајниот, смртоносен удар, а другите би се побуниле против наредбите на експериментаторот. Но, на нивно запрепастување, дури 65 проценти од испитаницте го вклучиле и последниот прекинувач.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!