Овој смел дечко, поборник за заштита на животната средина се појави на насловните страници со својот концепт наречен „Чистење на океанот“, кој го опишува како „првиот изводлив концепт за чистење на океаните од отпадната пластика.“

sl01

Проектот на 20-годишниот Бојан Слат цели кон пасивно чистење на океаните

Бојан Слат, поранешен студент по вселенски инженеринг, вели дека неговиот концепт за фаќање на пластиката може да исчисти половина од ѓубрето во Пацификот во текот на само една деценија. Инспирацијата за овој проект ја добил за време на нуркање во Грција во 2011 г. кога во водата видел повеќе пластика отколку риба.

Амбициозниот проект на Слат – кој го предложил кога имал само седумнаесет години – доби мноштво признанија и неодамна беше прогласен за финалист при доделувањето на наградата „Дизајн на годината“ од страна на лондонскиот Дизајнерски музеј, кој го „слави дизајнот кој промовира и донесува промени, овозможува пристап, ја проширува дизајнерската дејност или го лови духот на годината.“

sl02

Дизајнот вклучува статична платформа која пасивно го собира ѓубрето како што ветерот и океанските стру го носат отпадот низ разграноци во формата на буквата V, долги 100 километри. Пловечките филтри ќе ја собираат сета пластика во горните три метри вода кадешто концентрацијата на отпад е најголема, во исто време овозможувајќи им на рибите и другиот морски свет да мине одоздола без да биде фатен. Покрај природните морски и воздушни струи, самодоволната платформа ќе се напојува и од 162 соларни панели.

Традиционалните стратегии за чистење на пластиката во океанот предвидуваат пловила и мрежи, но студијата на Слат посочува дека „не само што испуштањето на штетни материи од моторите на пловните објекти ќе ги поништи добрите резултати, туку исто така, поради огромната пространост на облста кадешто е концентрирана пластиката, ваква операција ќе изискува милијарди долари и илјадници години за да се спроведе.“

Платформата секој месец ќе се празни. Што се однесува до тоа што може да се стори со собраната пластика, тимот на проектот тестирал пластика собрана на хавајскиот брег и открил дека таа е соодветна за да се претвори во нафта. Исто така спровеле тестови и за можноста за нејзино рециклирање.

Критичарите ја отпишуваат оваа идеја како невозможна, но Слат и 70 други научници и инженери составиле физибилити студија од 530 страници, и заклучиле дека концептот е „навистина изводлива и остварлива техника за чистење на океанот.“ Нивниот заклучок бил прегледан и од страна на надворешни експерти.

sl03

По објавувањето на физибилити студијата, Слат покренал крајно успешна кампања за собирање на средства, при што добил поддршка од 38.000 финансиери од 10 земји, собирајќи 2 милиони долари за само 100 дена. Проектот во моментот е во втората фаза во којашто се предвидува тимот во текот на следните три до четири години да изработи прототип на дизајнот во близина на Азорските острови.

sl06

sl07

Слат вели:

„Зошто да се движите низ океаните, кога океаните можат да се движат низ вас? Наместо да одите по пластиката, едноставно можете да чекате пластиката да дојде кај вас без за тоа да трошите дополнителна енергија.“

Сподели на Facebook
пати видено