Производителот на луксузни автомобили „Ауди“ објави дека започнува со производство на синтетичко дизел гориво кое ќе се состои единствено од вода и јаглерод диоксид.

На почетокот на овој месец експерименталната фабрика на Ауди со која во Дрезден управува германската новооснована компанија Санфајр веќе ги произведе првите количества на т.н. „е-дизел“ гориво. За да го одбележи потенцијално огромното достигнување, германскиот министер за образование и наука Јохана Ванка стави неколку литри од горивото во нејзиниот службен автомобил марка Ауди А8.

au-1

Санфајр своето гориво го нарекува „сина суровина“. Се прави така што се зема електрицитет од обновливи извори – ветер, сончева и водена енергија – и се употребува реверзибилна електролиза за од водата да се добие водород.

au-2

Во следниот чекор водородот се меша со јаглерод диоксид преку два хемиски процеси се претвора во јаглерод моноксид. Реакциите кои се резултат на ова произведуваат течност која содржи долгосинџирести јаглеводороди, „сината суровина“ која се рафинира во синтетичко е-дизел гориво.

Според Ауди, поголемиот дел од јаглеродниот диоксид кој се користи во процесот се набавува од погон за био гас, а дел од него се добива директно од атмосферата.

Санфајр вели дека нивното е-дизел гориво е супериорно во однос на фосилните горива, додавајќи дека отсуството на сулфур го прави нивниот производ поздрав за животната околина.

Севкупната енергетска ефикасност на производниот процес на е-дизелот со помош на обновлива енергија изнесува околу 70 отсто, тврди Ауди. Главниот инженер на Ауди, Кристијан вон Олсхаузен, вели:

„Моторот работи потивко и при согорувањето се создаваат помалку загадувачки материи.“

Е-дизелот може да се меша со конвенционалниот дизел, што често се прави со постоечките биодизелни горива.

au-3

Преглед на производниот процес

Во текот на следните месеци експерименталната фабрика во Дрезден ќе произведува 16ol е-дизел дневно, а двете компании веќе планираат да изградат поголема фабрика. Како што вели Кристијан вон Олсхаузен

„Доколку ги примиме првите порачки, ќе бидеме подготвени да ја комерцијализираме нашата технологија.“

Санфајр очекува пазарната цена на нивното е-дизел гориво да изнесува 1 – 1.5 евра за литар, што е малку поскапо од цената на постоечките дизел горива во Европа. Но, конечниот износ сепак ќе зависи од цената на електричната енергија.

 

Сподели на Facebook
пати видено