Со ближењето на летните одмори и порастот на температурите, повеќето луѓе повеќе би сакале да се најдат на некоја топла, песочна плажа крај море или езеро…и кој би можел да им замери за тоа? Но за оние коишто бараат малку пооригинална, повозбудлива, па дури и поморничава авантура, американската влада го нуди малиот град Гарнет, во државата Монтана.

Но има нешто што вреди да се спомне: Гарнет е град на духови. Всушност, тој е најзачуваниот град на духови кој постои во Америка. А наводно е и најопседнатиот град од духови.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Според локалните историчари, Гарнет дење е сосема вообичаен напуштен град. Но кога ќе зајде сонцето, се појавуваат стотици призраци.

grd02

Тие што се нашле во градот на полноќ велат дека слушнале морничави гласови и звуци од пианото во стариот салун.

SONY DSC

Американската влада секоја година бара неколкумина доброволци кои би живееле во Гарнет неколку месеци за да работат како туристички водичи и да помогнат во одржувањето на градот. Самата работа не е платена, но храната и сместувањето се покриени од американските власти.

SONY DSC

Избраните од владата мораат да се справуваат со доста примитивни услови за живеење. Нема електрична струја, интернет и водовод, што престојот во овој град го прави уште пострашен.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено