Д-р Алекс Жаворонков тврди дека ќе доживее 150 години по наводното откривање на тајната како да се одложи стареењето. Тој е експерт за процесите на стареење и верува дека напредокот во медицината и свесноста за тоа како начинот на живеење се одразува врз стареењето ќе доведе до далеку подолг животен век отколку што беше познато до сега. Тој следи строг режим на редовни вежби во комбинација со лекарства, суплементи и редовни лекарски прегледи, одбегнувајќи го бракот, децата и стремежот кон материјални добивки за да се сосредоточи на истражувања со кои би го победил стареењето.
Д-р Жаворонков, директорот на Фондацијата за биогеронтолошки истражувања во Велика Британија, која е посветена на унапредување и продолжување на животот на постарите, е цврсто убеден дека неговиот стил на живот ќе му овозможи да доживее 150 години. Тој се грижи да прими определени вакцини штом истите ќе станат достапни и редовно прави биохемиски анализи и пресметки на состојбата на неговите клетки, како шт оизвестува „Сандеј Телеграф“.
„Мислам дека во рамките на следните две или три години ќе имаме ефекти фармаколошки решенија засновани врз веќе одобрени лекарства коишто ќе им помогнат на луѓето да останат млади и здрави, додека во меѓувреме не напредне регенеративната медицина и генската терапија.
Според Службата за национална статистика на Велика Британија, момче родено во Велика Британија во денешни времиња се очекува да живее во просек 78.8 години, а девојче до 82.9 години. Многу експерти мислат дека повеќето луѓе би можеле да го продолжат својот животен век со редовно одење, намалување на внесувањето на маснотии, шеќер и сол во нивната исхрана и со употребата на постоечките лекарства како статините (лекарства кои служат за снижување на холестеролот).
Всушност, истражувачи од Австрија пред неколку недели имаат изјавено дека староста денес во просек започнува од 74 години, до таа мера напреднала медицината и човечкото здравје.