Тешко е да се замисли дека дека пронаоѓачите не би се возбудиле од нивните сопствени изуми. После долгите и макотрпни часови, денови, дури и години во едно единствено дело, чувството кога ќе го видите тоа дело во функција точно како што сте замислувале сигурно е величествено.

Но, некои пронајдоци едноставно не проработуваат како што треба. Низ историјата се случувало некој да потроши неизмерно долго време на нешто ново, за на крај тоа да им експлодира в лице. На овие неколкумина буквално им се случувало тоа. Нивното животно дело на крајот наместо вечна слава им донело предвремена смрт.

Франц Рајхелт, 1879-1912

pr01

Австриецот Франц Рајхарт создал нешто што денес на шега се нарекува „летачки костум“, авијатичарски костум кој во итен случај би можел да послужи и како падобран. Иако тестовите изведени со кукли се покажале како успешни, кога Рајхелт се решил да го тестира самиот скокајќи од Ајфеловата кула, тоа завршило со трагичен крај.

Хорас Лосон Ханли 1823-1863

pr02

Ханли служел како морнарички инженер за време на Американската граѓанска војна. Првата воена подморница бил негов изум, кој бил наречен според него и кој на американскиот Југ требало да му обезбеди голема предност во војната. Но при тестирањето, Ханли и неколку други членови на екипажот не успеале подморницата да ја вратат на површината при што сите се удавиле.

Томас Ендрјус Џуниор 1873-1912

pr03

Томас Ендрјус бил ирски бродоградител кој го дизајнирал едно од најозлогласените пловила на сите времиња – РМС Титаник. Ендрјус исто така ја имал и несреќната чест да патува на првото патување„непотонливиот“ брод, за време на кое удрил во санта лед и потонал.Ендрјус бил еден од многуте патници на Титаник кои загинале во бродската несреќа.

Карел Соучек, 1947-1985

pr04

Карел Соучек живеел опасно. Во 1984 овој пустолов се пуштил низ Нијагарините водопади во буре кое тој самиот го направил, и некако успеал да го преживее тоа. НО кога една година подоцна се обидел да изведе сличен подвиг од покривот на хјустонскиот астродом, неговата направа откажала, при што набргу по приземјувањето починал.

Макс Валие 1895-1930

pr05

Макс Валие изработувал ракетни машини кои на крајот послужиле како почетна точка во изработувањето на првите ракетни погони за вселенски летала.Тој планирал неговите мотори на течно гориво да се употребуваат како за вселенските, така и за сувоземните возила. За жал, за помалку од еден месец откако почнал се тестира неговиот прв „ракетен автомобил“, една од неговите машини експлодирала, убивајќи го на место.

Марија Кири, 1867-1934

pr06

Марија Кири дала свој значаен придонес во откритијата во светот на радијацијата и радиоактивноста. Но, бидејќи Кири постојано била работела со опасните материи, таа се изложила себеси на смртоносна радијација. Радиоактивни материјали носела дури и во својот џеб. Ова на крајот довело до тоа да почине од апластична анемија, деградација на коскената срцевина.

Вилијам Булок, 1813-1867

pr07

Вилијам Булок ја создал првата ротирачка печатница – голем напредок на сличниот концепт изработен од Ричард Марш Хо. Созданието на Булок помогнало да печатарската индустрија да напредне со брзо производство на квалитетно испечатен материјал, што овозможило и полесно распространување како и поголеми текстови на една страница. Во 1867 година, додека монтирал една од своите печатарски машини, неговата нога била зафатена од машината. Набргу по несреќата добил гангрена и подоцна Булок умрел на оперативната маса.

Сподели на Facebook
пати видено