Ако живеете во урбана средина, сигурно од време на време го користите јавниот транспорт. Но дали сте станале познати поради тоа? Оваа мачка се прославила токму по таа причина… си чекала трамвај!
Во Холандија, мачорот Аке го привлекол вниманието на луѓето кои го користеле трамвајскиот превоз. Луѓето од Родрдам-Кралинген навистина го засакале овој нивен мал сопатник.
Ова е мачорот Аке
Секој ден чека трамвај речиси десет години
Секогаш се вози назад до својата станица за да се слика со неговите обожаватели…
А и неговата сопственичка секогаш знае каде може да го најде.
И на сонце и на дожд, тој многу сака да се дружи со неговите сопатници.
Аке дури си има и свое седиште на кое е ставен натписот „Седиштето е само за една црно-бела мачка“.
Сите го сакаат овој симпатичен мачор и го честат со нешто за грицкање.
Сопственичката е изненадена од фактот дека нејзиниот миленик се прославил во нејзиниот роден град, но и во целиот свет!