Гледано од небото, овој остров се чини како да е идиличен остров со неверојатни плажи и густа шума, но туристите и рибарите не се осудуваат да стапнат на ова мало парче земја во Индискиот океан поради воинствената природа на домородните жители.

Посетителите кои ќе стапнат или ќе се приближат преблизу до островот Северен Сентинел се напаѓани од членовите на мистериозното племе кое ја отфрла цивилизацијата и претпочита да нема никаков допир со надворешниот свет.

Кога ќе се случи да дојдат во допир со надворешниот свет, тоа вообичаено завршува со насилство – во 2006 припадници на опасното племе убиле двајца рибари кои рибареле таму незаконски, а домородците се познати и по тоа што гаѓаат со стрели и камења по авионите и хеликоптерите кои летаат ниско.

s01

Сентинелците, вооружени со примитивно оружје како лакови и стрели, прачки и сл. се собираат на брегот на островот, кој се наоѓа во Бенгалскиот залив.

s02

По цунамито во 2004, овој домородец на островот е фотографиран како истрелува стрела кон хеликоптер на индиската крајбрежна стража.

s03

Оваа сателитска слика снимена од НАСА го прикажува овој остров, недопрен од времето.

s04

Наоѓајќи се во Бенгалскиот залив, островот Северен Сентинел ѝ припаѓа на Индија и останува енигма, и покрај тоа што е населен од луѓе веќе 60.000 години. Недопрен од современата цивилизација, се знае многу малку за сентинелскиот народ, нивниот јазик, нивните ритуали и островот кој е нивен дом. Поради нивната негостољубивост и воинственост, тие се ретко фотографирани и речиси никогаш не се снимени на видео.

s05 s06

Често ги нарекуваат „племе од каменото доба“, бидејќи не го промениле својот начин на живот со илјадници години, а индиската влада, по неколкуте неуспешни обиди да воспостави контакт со нив, решила веќе да не се меша во нивните работи и законски забранила некој да се обиде да го стори тоа или да ги вознемирува. Според законот на Индија, просторот од пет километри околу островот е забранет за посетители.

s07 s08

Оваа забрана всушност има заштитна улога, бидејќи според Сурвајвал Интернејшенел, покрај тоа што просторот за риболов на ова инаку здраво и плодно племе е загрозен, самото племе се смета за најранливо на планетата земја, бидејќи веројатно немаат развиено имунитет и на најобичните сезонски болести како грип и сипаници кои би можеле да бидат смртоносни за нив и да ги збришат во настап на епидемија.

Ова веќе се случило порано во историјата, кога големите андамански племиња на Андаманските острови биле десеткувани од болестите кои ги донеле британските колонисти во деветнаесеттиот век.

Сподели на Facebook
пати видено