Во средновековната европска историја навистина нема недостаток од морничави книги, но познатата книга Codex Gigas, напишана во раниот тринаесетти век можеби е најмрачната од сите нив.

Се раскажува дека била напишана лично од раката на Сатаната. Никој со сигурност не го знае името на монахот кој бил задолжен да го напише овој стар ракопис, но според легендата, тој склучил договор со паднатиот ангел Луцифер за да ја заврши. Затоа понекогаш оваа книга се нарекува и Библијата на ѓаволот.

dj01

Кодекс Гигас е висока 91 сантиметри, широка 50 сантиметри и тежи 75 килограми, што ја прави најголемата книга од средновековието која воопшто е најдена. Истражувањата покажуваат дека текстот бил напишен од еден писател, и вчудоневидувачки, ракописот е постојан низ сите нејзини 320 страници, не покажувајќи ни најмал траг на замор.

dj02

Како е можно тоа? Можеби навистина овде имаме Фаустовска ситуација.

Според легендата, монах од Бенедиктинскиот манастир во Бохемија ја прекршил неговата заклетва и бил осуден да биде заѕидан жив. Единствениот начин да избега од оваа судбина бил да успее да го запише сето човечко знаење во една книга која би можела да го воздигне манастирот. За тоа му дале време една ноќ.

dj03

Околу полноќ, монахот увидел дека нема да може да ја заврши целата историја на сите познати нешта во една ноќ, па така решил да се помоли, но не на Бог, туку на ѓаволот. Сатаната се согласил да му помогне. Сѐ што барал за возврат било – неговата душа. Монахот го нацртал овој цртеж на Луцифер како чин на оддавање на почест на неговиот спасител.

Експерти од Шведската народна библиотека, кадешто се чува книгата денес, проценуваат дека без наводната помош од страна на ѓаволот, за да се заврши книгата веројатно ќе биле потребни дваесеттина години. Па така, или на старешините на манастирот им се смачило постојано да преуредуваат и да ги бојадисуваат ѕидовите секогаш кога некој монах ќе ја прекршел својата заклетва, или ѓаволот навистина тука ги вмешал своите прсти.

 

Сподели на Facebook
пати видено