По забавата организирана од фирмата во која работи, Кире се прибира дома среде ноќ. Во едната рака држи пиво, а со другата ја гушка секретарката Цеца со големите гради.
– Што е ова бе идиот! – веднаш започнува да вика жена Митра на вратата.
– Ќе правиме тројка ма! Одвај ја убедив Цецето! Ти, ако не сакаш – може и да не учествуваш!
После еден месец. Петок вечер. Кире се прибира од работа капнат од умор и што да види – во дневната соба, на неговата фотелја се оптегнал еден огромен Арап, гол како од мајка роден. Во едната рака држи чаша и пие од 12-годишното виски, што Кире си го чува само за посебни потреби, а во другата – впечатливо машко достоинство.
– Митро!!! Што е ова мори?!
– Е па Кире, ќе правиме тројка. Одвај го наговорив човекот. Ама, јас пак нема да учествувам!