По петти пат Нептун Македонија, ја организира акцијата „Lucky days”. Од 20-ти до 22-ри април започнуваат деновите на среќни купувачи, проследени со одлични понуди, големи попусти и изненадувања за сите haPPy купувачи. Акцијата се однесува на сите иматели на happy картичката за лојалност.

Преку овој концепт на продажба, Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија, на своите купувачи им дава неповторлива можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени. Од машини за перење алишта и фрижидери, преку најновите модели на телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони и мали апарати за домаќинство, секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе. Со цел повеќе среќни купувачи, во овие три дена тие ќе имаат можност да ги набават производите до 36 рати со аплицирање за haPPy кредитот на Нептун.

“Нашите напори се насочени кон континуирано изнаоѓање и пласирање на интересни понуди за клиентите, без разлика дали се работи за најнови технолошки новитети, интересни продажни акции или сродни уникатни услуги како новата можност за купување до 36 рати преку happy кредитирањето на Нептун и можноста за осигурување на купените производи до три години.” – изјави Лазо Узунчев, главен оперативен директор на Нептун.

Малопродажната мрежа Нептун веќе 17 години е присутна на македонскиот пазар, во моментов е застапена со 19 продажни места во 16 градови во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 300.

За да го погледнете летокот за „Lucky days” кликнете на следниот линк.

srekni-denovi

Сподели на Facebook
пати видено