Слоновите вообичаено се интелегентни, мирољубиви суштества. Луѓето кои уживаат во ловењето на овие животни до нивно истребување не се такви. Ништо не го покажува ова толку добро како инцидентот кој неодамна се случил во африканските грмушки.

Ова е Иан Гибсон. Тој е специјалист по убиање на големи животни, како слоновите, чисто така, за „спорт“.

sl1

Неодамна Гибсон предводел лов во долниот дел од долината Замбези во Зимбабве. Пет часа го демнел големиот мажјак наречен „бик“, кога на животното најпосле му се смачило.

„Чувствувајќи дека е доста блиску до слонот, Иан и неговиот трагач Роберт продолжија да ги следат трагите во надеж дека ќе ја најдат слоновата коска.“ известуваат работодавачите на Гибосон, Чифути Сафарис. (Забележете како величественото животно го сметаат за ништо повеќе од пар слонови коски кои треба да ги соберат).

„На крајот го стигнале бикот, го забележале на оддалеченост од околу 50-100 метри. Бикот наеднаш се свртел и со сета сила се залетал кон нив. Иан и Роберт почнале да стрелаат за да го запрат. Иан успеал да испука еден куршум одблизу пред бикот да го убие. Сцената беше ужасна.“

sl2

Слонот бик бил во период на зголемен тестостерон, карактеристичен за слоновите кој се нарекува муст, што се забележува по лачењето на кожните жлезди помеѓу очите и ушите, издолжениот и влажен пенис и агресивното поведение. Нешто што искусен ловец би требало да го забележи.

sl3

Загубата на живот е секогаш ужасно нешто. Но кога слоновите (заедно со носорозите, тигрите и други егзотични животни) се истребувани до исчезнување само за „спортисти“ како Гибсон да можат да додадат уште некоја слонова коска во нивниот ковчег со трофеи, не можете а да не си помислите дека сепак можеби самиот си го барал.

sl4

Сподели на Facebook
пати видено