Не можев да поверувам дека има такво неверојатно место на земјата. Решив да го посетам ова место по секоја цена. Откако истражував малку, го најдов ова место наречено Сертар, кое се наоѓа на околу 600km од Ченгду. Таму се наоѓа најголемата будистичка школа наречена Будистичка академија Ларунг Гар, основана во 1980 година.
Во моментот таму се сместени 40.000 монаси и монахињи кои секој ден се справуваат со лошата клима само за да го проучуваат будизмот. Ми требаа преку 20 часа да дојдам тука од Ченгду, патувајќи по еден нерамен пат кој се чинеше како да нема крај. Штом пристигнав во овој надреален свет, сета мака ја снема. Тибетскиот народ доаѓаат тука за да се молат, монасите и монахињите престојуваат за да учат. Не можев да одолеам да споделам фотографии од ова место со сиот свет.
Монахињите патуваат до училиштето пешачејќи 4000 метри надолу
Ноќен поглед кон манастирот
Живеалиштата на монахињите кадешто не е дозволена ТВ, ниту има тоалет и систем за греење
Тибетскиот народ ја споделува истата област со монасите и монахињите
Просто го обожавам ова море од црвени куќи
Секој е толку посветен при молитвите
Во внатрешноста на манастирот
Се молат вртејќи го тркалото на молитвата
Монасите учат после училишните часови
Тибетско поклонение
Едноставно изгледа прекрасно
Монасите учат после училишните часови
Во селото се сместени околу 40.000 монаси и монахињи