Поради сите зла сторени во Втората светска војна, на поп културата ѝ било многу лесно на нацистичката партија да ѝ припише натприродни дејности и демонски замисли. Но некои нешта сепак се добро погодени.

Хитлеровата фолк магија

ht01

Нацистичката партија дошла на власт како последица на т.н. народно (Völkisch) движење, според кое Германија би требало да се врати на своите народни корени од минатото место ги шири индустриските урбани комплекси на нејзините растечки градови. Како дел од враќањето кон нивните корени се сметало и враќањето кон древниот окултизам на нивните предци.“

Мешањето на расизмот со окултното

ht02

Хитлер и нацистите верувале дека нивните предци биле некаква митска индоевропска група која ја зачувала својата чистота, а со тоа и способноста за возобновување на нивните натприродни моќи. Биејќи нели, како што ни е познато на сите нас, во минатото сите поседувале натприродни способности.

Верувањето во некаква чиста аријска раса со окултни моќи всушност им претходи на нацистите. Таа луда идеја е наречена ариософија и се појавила во деведесеттите години на деветнаесеттиот век од страна на некои откачени философи на кои Хитлер навистина им се восхитувал. Тој го применил ариософистичкиот симболизам каде и да можел – така и многу постарата свастика, како и други симболи на сонцето завршиле на нацистичките знамиња и на подовите на нацистичките згради како овде.

Окултниот огранок на Гестапо

ht03

За да ја зајакнат „научната“ валидност на ариософизмот, приврзаниците на Хитлер како Хајнрих Химлер осмислиле голем план како да ја употребат археологијата за да ја докажат нивната врска со древното минато и пристапот до потенцијалните волшебни моќи.

Под покровителство на одделението на Гестапо наречено Аненербе (Ahnenerbe) или „Организација за истражување на наследството на предците“ тие почнале да бараат разни артефакти на разни локации со кои би го оправдале нивното тврдење дека Германците се чисти потомци на древна надчовечка раса и со која би потврдиле дека современите Германци поседуваат натприродни моќи и имаат право да владеат со остатокот од човештвото.

Но, се испоставило дека светиот ковчег е премногу еврејски

ht04

Очигледен кандидат за нивниот лов по древното минато отсекогаш бил Кивотот, или Ковчегот на заветот – митска еврејска реликвија која наводно можела да десеткува армии и разорува градови. Но, Ковчегот на заветот. Тие се впуштиле во потрага по него, но ни одблизу на тој начин како што е прикажано во филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“. Што се однесувало до нацистите, ковчегот бил премногу еврејски, а нели нацистите не биле некои големи обожаватели на Евреите.

Потрагата по Копјето на судбината

ht05

Но затоа биле големи обожаватели на Исус. Се преправале дека Исус не бил Евреин, туку Ариец кој очигледно се инфилтрирал во еврејската култура за да го основа христијанството за идните Аријци. Па така нацистите вложиле голем напор за да го најдат артефактот наречен „Копје на судбината“. Наводно тоа е копјето со кое римскиот војник му ги скратил маките за време на распнувањето на Голгота. Сметале дека ова копје може да му донесе натприродни моќи на тој кој ќе го најде. Во католичката црква веќе биле обожувани делови од копје за кои се тврдело дека биле делови од копјето со кое бил прободен Исус, па така Хитлер се потрудил да се украдат колку што е можно повеќе од овие предмети низ музеите и црквите во Европа и да се донесат во Берлин.

Тврделе дека имаат сродство со Атлантида

ht06

Во нивната опсесија со аријството нацистите отишле и понатаму сакајќи да ја докажат нивната наводна непосредна врска со древното минато. Спровеле многу ископувања низ Германија обидувајќи се да најдат траги од таа надчовечка древна цивилизација, но без успех. Древните луѓе од тие краишта не биле многу по архитектурата, па така и немало којзнае што да се најде. Па така нацистите решиле дека најдобро во овој случај би било да се каже дека се потомци на древната цивилизација на загубената Атлантида. Дале сѐ од себе да го пронајдат митскиот изгубен град со нивните подморници, но немале среќа.

Го барале и митскиот остров Туле

ht07

Атлантида не била единствената митска земја на митските предци која нацистите се обидувале да ја најдат или врз која полагале право. Постои и една помалку позната легенда слична на легендата за Атлантида за древна цивилизација на островот Туле, кој се наоѓал на север.

Едно одделение на Аненербе било посветено на проучувањето на древни ракописи како викиншките Еди и други слични саги во надеж дека ќе го најдат патот кон рушевините на овие древни цивилизации, или уште подобро, преминот кон некое интердимензионално волшебно царство за кое некои од ес-есовците верувале дека постои. И воопшто не се шегувале.

Потрага по волшебните браќа на Тибет

ht08

Бидејќи таа атлантидкска/тулска/аријска татковина требало да биде постојбина на некаква протоевропска култура за која се верувало дека се наоѓала во руските степи и планините на централна Азија, нацистите си помислиле дека можеби би можеле да се најдат преживеани директни потомци на истата.

Тим од шест Гестапо научници предводени од нацистичкиот историчар и окултист Херман Вирт и природонаучникот Ернст Шафер во 1938 година се упатиле кон Тибет, со намера да им ги мерат черепите на тамошните луѓе за да видат дали се сѐ уште чисти потомци на Аријците како што се Германците. Сакале и да видат дали поседуваат некакви волшебни моќи. И во овој случај крајната цел на Хитлер била да се најде (доколку е можно) некаква супер моќ која ќе му овозможи да го завладее светот, како и доказ природната аријска превласт и правото да владее со светот.

Опсесијата со Светиот Грал навистина постоела

ht09

Најбараниот артефакт од страна на нацистите сепак бил Светиот Грал. Целта за неговото пронаоѓање не била никаква потрага по врски со минатото. Тие ја барале чашата од која Исус се напил за последен пат за на Германците да им се обезбеди натприродна моќ и бесмртност, со што би се претвориле во надчовечка армија која ќе го освои светот и ќе владее со него.

Потрагата по Гралот

ht10

Бидејќи легендата за Светиот Грал е тесно поврзана со легендите за кралот Артур, тоа значело дека нацистите треба да го бараат и Камелот и сѐ што е поврзано со Витезите на тркалезната маса.

За најдобро да го најдат Гралот, Хитлер и Химлер го повикале историчарот Ото Ран, кој бил опседнат со Светиот Грал, по малку потсетувајќи на Индијана Џонс, а делумно на ликот на Иан Меккелен во „Кодот на Да Винчи.“

Потрагата во Шпанија

ht11

На Ран многу не му значела нацистичката кауза, но му значело да му плаќаат за неговите истражувања по просторите во јужна Франција и североисточна Шпанија кадешто се родило катарството, а потоа и на север по британските острови раководејќи се според легендите за кралот Артур.

Подготовките за сакралните обреди

ht12

Химлер веќе осмислил посебна крипта во која требало да биде сместен Светиот Грал кога ќе се најде. За таа цел го преуредил подрумот во замокот Вевелсбург. На таванот над постаментот врз кој требало да биде поставен светиот предмет била поставена свастика и поставиле специјални цевки за гас за од ѕидовите повремено да избиваат пламени од „вечниот оган“.

Крадење на свети уметнички предмети

ht13

Сѐ што ќе можело да ги приближи Хитлер и Химлер поблиску до мистериите на минатото било во игра. Многу пред да започне Втората светска војна, тие ги ограбувале музеите, собирајќи стари уметнички предмети кои наводно поседувале натприродна моќ или во најмала рака . Во 1934 година украле уметничка слика од катедралата Сен Баво во Гент, Белгија, сметајќи дека во неа има скриен код кој ќе ги доведе до Светиот Грал.

Губење на бесмртноста

ht14

Според некои кажувања, кога Сојузничкитее сили успеале да повратат некои од овие предмети, тоа било последната стапка кон поразот на Хитлер. Наводно еден од последните извештаи кои стигнал до Хитлер бил дека делови од Копјето на судбината биле превземени од непријателот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено