Отровната градина во замокот Алнвик е толку опасна, што не е дозволено ни да ги помирисате растенијата. Кога некоја градина е волку отровна, сигурно вреди да се посети.

Градина во замокот

o01

Прекрасните градини се препознатлив знак на замокот Алнвик на шкотско-англиската граница, и се полни со разни растенија и дрвја.

Фатална привлечност

o02

Но има и друго катче во прочуените градини, скриен зад високи и тешки железни порти.

Отровно место

o03

Тоа е отровната градина, и Смитсониан ја има наречено најопасната градина во целиот свет.

Смртоносно зеленило

o04

Овде не е дозволено да ги мирисате розите ниту да ги допирате растенијата. И најмногу од сѐ, не јадете ништо! Овие растенија можат да ве убијат, и тоа многу лесно.

Опасност

o05

Зад тие железни врати има 100 различни видови на отровни растенија, така што тие предупредувања се апсолутно неопходни.

Отровен проект

o06

Отровната градина е проект на Џејн Перси, војвотка од Нортумберленд. Таа во моментот е сопственик на замокот Алнвик. Порано на местото градините имало само зимзелени дрвја.

Патничко одредиште

o07

Сега градините се 5.6 хектари убавина. Секоја година во Алнвик доаѓаат повеќе од 600.000 посетители за да се прошетаат по патеките и да ја видат отровната градина.

Нешто во воздухот

o09

Не смеете ни да ги помирисате растенијата во Отровната градина, и предупредувањата навистина треба да се сфаќаат сериозно. Во текот на само една година се онесвестиле вкупно седум посетители како последица на вдишувањето на отровните испарувања.

Образовна прошетка

o10

Војвотката решила да се сосредоточи на отровните растенија бидејќи мислела дека ова најмногу ќе ги интересира децата.

Внимателно осмислена градина

o11

При бирањето на растенијата за нејзината Отровна градина, војвотката инсистирала на едно нешто – зад секое од растенијата мора да стои интересна приказна.

Непријателите помеѓу нас

o12

Отровната градина е дом на стрихнин, хемлок, рицин, бутин и многу други отровни растенија. Многу луѓе се изненадени кога ќе дознаат дека растенијата кои ги мислеле за обични се всушност отровни. Можеби имате некое такво и во вашата сопствена градина.

Безбедносни мерки

o13

Чуварите и лицата кои се грижат за Отровната градина мора да носат заштитни ракавици и да преземаат други заштитни мерки. Можеби изгледаат како невини растенија, но не смеете да си дозволите тоа да ве прелаже.

Сподели на Facebook
пати видено