Продолжува годината на бабите во модните кампањи. 80-годишната писателка Џоан Дидион го проби ледот за оваа година како модел за неодамнешната рекламна кампања на Селин, славната пејачка Џони Мичел стана заштитно лице на Ив Сен Лорен, а сега Бади Винкл, 86-годишна баба и Инстаграм сензација, е најновиот модел на брендот на костими за капење ДајмПис Ел Еј.
Додека нашите баби поим немаат ни што е тоа Инстаграм, ниту што толку прават младите на тој интернет, оваа бабичка си прави селфи и почнува кариера како топ-модел.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.