Главниот извршен директор на компанија за процесирање на кредитни картички од Сиетл се задоволил со годишна минимална плата од 70.000 долари кратејќи си ја досегашната плата од 1 милион долари до нивото на неговиот најслабо платен работник.

Исто така, до 80 отсто од 2.2 милионскиот профит на компанијата ќе редистрибуира за покачување на платата на вработените.

Ден Прајс, главниот извршен директор на Гравити Пејменс за Њујорк Тајмс изјавил дека во текот на следните години на сите своите вработени ќе им обезбеди најмалку 70.000 годишен приход – дури и на најниските службеници.

CEO Dan Price: Gravity Payments price-2

Некои шпекулираат дека минималната плата од 70.000 долари на Прајс е трик за зголемување на публицитетот. Во секој случај, ова покачување ќе го чини многу. Прајс својата сопствена плата ја крати за цели 93 отсто или повеќе, во зависност заработувачката на Гравити Пејментс.

Основана во 2004 од Прајс, додека сѐ уште студирал, Прајс ја основал Гравити Пејментс 2004, буквално од неговата студентска соба. Компанијата процесира плаќање преку кредитни картички за мали бизниси и минатата година остварила трансакции во износ од 6.5 милијарди долари за повеќе од 12.000 бизниси.

price-3

Директорот за Тајмс изјавил дека мотивацијата за овој радикален чекор ја добил откако прочитал во една студија за тоа колку покачувањето на платата ги усреќува луѓето кои заработуваат помалку од 70.000 долари годишно. Исто така додал и дека се чувствувал вознемирено поради маките низ кои минувале неговите пријатели и членови на семејството кои заработувале помалку од него. Тој вели:

„Тие ми ја покажаа математиката за тоа како е да се заработува 40.000 долари годишно. Го слушам тоа секоја недела. Тоа просто ме јаде одвнатре“.

price-4

Филип Акаван, работник во компанијата, се израдувал кога го слушнал ова на вести.

„Едноставно ми падна вилицата. Ова ќе значи голема промена за сите околу мене“.

Покачувањето во Гравити Пејментс се случува во време кога просечната директорска плата во САД е за 300 пати поголема од платата на просечниот вработен во големите компании – меѓу највисоките забележани разлики во историјата.

price-5

Прајс вели дека е човек со неколку пороци. Ужива во сноубординг и да ја плати сметката за вечера кога излегува со неговите другари. Инаку вози 12-годишно ауди.

Сподели на Facebook
пати видено