И покрај впечатливата научна моќ на човештвото, сепак има толку многу нешта коишто нѐ збунуваат, па дури и нѐ плашат. На пример, сѐ уште немаме објаснување за некои звучни феномени коишто се случваат на нашата планета. Овие звуци се слушаат од океанот, на копно па дури и на небото. Некои од нив се слушнати од милиони луѓе, а сепак не може да се најде објаснување за нив.
1. Блуп
Нека не ве залажува детинското име, бидејќи „Блуп“ може да биде нешто навистина страшно. Изгледајте го следното видео за да слушнете како звучи, како и да слушнете некои шпекулации за неговото потекло.
2. Неботреси
Ова видео е малку долго, но дури и само минута од овие ужасни звуци е доволно да ве полазат морници.
3. Upsweep
Овој звук за првпат бил откриен во 1991 од страна на Пацифичката морска лабораторија, и сѐ уште може да се слушне и денес. Од 1991, звукот постепено ја намалува својата силина, но тоа не го прави помалку морничав. Свучи како саундтрак за филм со вонземјани.
4. Квакање
Во зенитот на студената војна, подводните екипи на Антарктикот почнале да слушаат чудни нешта под вода кои звучат како квакање на патки. Отпрвин се мислело дека потекнува од некој организам, но до ден денес е сѐ уште необјаснето. Истражувачите денес сугерираат дека звукот можеби го прават остроклуни китови.
5. Шум
Од седумдесеттите навака, постојано се случува луѓе да се жалат на шум со ниска фреквенција кој само тие можат да го слушнат. Ова се случува кај луѓе од целиот свет. Уште пострашно е тоа што медицински било докажано дека луѓето навистина го слушаат тоа. Но, не постои објаснување зошто некои можат да го слушнат, а други не.