Атиф Саид, фотограф чијашто специјалност е природата, неодамна имал блиска средба со лав и тоа го овековечил со неговата камера! Еден лав во зоо паркот близу Лахор ги втренчил очите во фотографот, и токму пред да го нападне, тој успеал да ги сними овие восхитувачки фотографии.

Како што раскажува Саид, тој излегол од својот џип за да направи неколку фотки со лавот, но чкрапањето на фотоапаратот го привлекло неговото внимание. „Си помислив – морам да го прикажам карактерот и статусот на лавот и ова е единствениот начин да го постигнам тоа.“ Лавот се приближил на само неколку метри пред да скокне во напад, при што фотографот за влакно успеал да се прибере назад во својот џип.

„Седев веднаш пред него во близина на моето возило и вратата од џипот беше отворена. Седев на земјата на само неколку метри, па тој ме гледаше како свој плен…Тогаш ми беше смешно, но кога сега ќе си помислам за случката, мислам дека не би можел пак да го сторам истото. Беше многу блиску.“

lion-attack-photo-portrait-wildlife-photography-atif-saeed-2

lion-attack-photo-portrait-wildlife-photography-atif-saeed-10

Сподели на Facebook
пати видено