Со климатските промени, глобалниот тероризам и постојано присутната закана од нуклеарна војна, лесно е да се биде песимистичен во поглед на иднината на човештвото. Но, лесно се заборава дека човекот направи огромни скокови напред во технологијата во текот на само неколкуте последни децении, што ветува радикална трансформација во нашиот иден напредок. Всушност, многу футуролози веруваат дека веќе во текот на следниот век ќе ни се случи голем дел од тоа што досега можеше да се види само во научно-фантастичните филмови. Еве еден реален оптимистички поглед зошто човештвото го очекува добра иднина.

Самоуправувачките автомобили ќе бидат задолжителни

id01

Сѐ уште се работи на овој идеен концепт, но како што Гугл и други производители на автомобили работат на оваа замисла, веќе не е прашање дали на патиштата ќе се најдат самоуправуваки автомобили. Новата технологија ветува не само да го намали бројот на смртни случаи во сообраќајните несреќи, но исто така и да го револуционизира начинот на кој луѓето размислуваат во врска со транспортот. Сервисите како службите за доставување и такси превозот ќе бидат свртени на глава. Визионерите како Илон Маск сметаат дека дури ќе се случи така што човечки контролираните автомобили ќе бидат целосно забранети во иднина бидејќи тоа ќе се смета премногу опасно во споредба со автоматизираните.

Медицинската наука ќе направи луѓето да живеат до 120 години

id02

Повеќето футуролози веруваат дека веќе гледаме голем напредок во медицинското знаење и технологија коишто на луѓето ќе им овозможат значително продолжување на човечкиот век, преку сто години, а други веруваат дека последната генерација на луѓе ќе станат практично бесмртни.

Микро-сателитите ќе го распространат интернетот насекаде

id03

Многу експерти се согласуваат дека распространувањето на интернетот е од пресудно значење за напредокот на човештвото и многу компании се согласуваат со тоа. Гугл спроведува распространување на интернетот преку балони во стратосферата како начин да се обезбеди интернет во земјите во развој, а од Спејс Икс на Илон се очекува лансирање на микросателитска програма која ќе обезбеди евтин интернет низ местата кадешто тој недостасува.

Технофилантропите ќе го сменат начинот на кој правиме добрини

id04

Како и да изгледа иднината, ќе бидат потребни многу пари за да се стигне таму. За среќа, технолошкиот напредок создаде ново поколение на филантропи кои земаат поактивна улога употребувајќи го своето богатство за да решат многу глобални проблеми. Додека филантропите од минатото се задоволуваа со потпишување на некој чек тука и таму, таканаречените технофилантропи како Бил Гејтс на сцената донесуваат комбинација од човечки ресурси, капитал, бизнис и политички врски во обезбедување на богатства никогаш видени порано.

Медицината ќе направи слепите да прогледаат

id05

Луѓето уште од одамна со помош на технологијата надминуваат некои свои недостатоци; со кортикални импланти им се овозможува на глувите да слушаат, а веќе се развиени и протетички екстремитети кои можат да се контролираат со помош на мислите. Технологијата која ќе им помогне на луѓето со очни проблеми е исто така во напредок, ДАРПА работи на т.н. кортикален модем кој ќе може да го поврати видот, како и да им го подобри постоечкиот вид на луѓето.

„Направи сам“ иноваторите ќе ја променат економијата на подобро

id06

Друг феномен на кој му се радуваат многу футуролози е порастот на „направи сам“ иноваторството. Овозможено со развојот на 3D принтерите и интернетот, пронаоѓачите ќе можат да направат напредок не само во компјутерската технологија и механиката, туку и на полето на неврологијата, биологијата, генетиката и роботиката.

Милијардата сиромашни ќе бидат вклучени во глобалните телекомуникации

id07

Друг возбудлив момент во иднината ќе биде воздигнувањето на „милијардата на дното“ од светското население кои во моментот се во тешка сиромаштија, но нивната положба ќе може да се подобри во глобалната економија, благодарение на напредокот во телекомуникациите. Новата сила во човечкиот капитал претставува десетици трилиони долари кои се влеваат во глобалната економија секоја година.

Ќе бидат обезбедени универзални основни приходи, додека сите вработувања ќе исчезнат

id08

Како што автоматизацијата е сѐ повеќе и повеќе застапена во економијата, ќе мора да се соочиме со тешката вистина дека едноставно нема да има доволно работни места за сите, дури и за висококвалификуваните професионалци и креативни работници. Човештвото ќе мора да изнајде нов смисол на човечката работа. Додека тоа да се направи, сѐ повеќе економисти сметаат дека владите треба да воведат „универзален основен приход“ за нивните граќани, што значи дека владите ќе им плаќаат на граѓаните доволно колку да не мораат да се грижат за својот опстанок, што ќе им овозможи да откријат во што ќе ги вложат нивните креативни и продуктивни напори.

Технологијата која се носи е само почетокот на претворањето во киборзи

id09

Ејпл Вач и Гугл Глас се, како што веруваат многу футуролози, само почетоците на процес кој на крајот ќе доведе до лесно интегрирање на технологијата во нашите животи. Дали тоа ќе биде во форма на всадување на мини компјутери во нашите мозоци, или преку виртулеизирање на реланоста, луѓето сѐ повеќе ќе се доближуваат до технологијата како неизоставен дел од нивните животи.ен

Луѓето ќе откријат вонземен живот

id10

Можеби нема да најдеме друга цивилизација на некоја друга планета наскоро, но главниот научник на НАСА вели дека би требало да очекуваме докази за постоење на живот на други планети најдоцна до 2025 година. Ова ќе значи голем чекор напред не само во нашето знаење за другите форми на живот, туку ќе биде и пресуден чекор во откривањето како на крајот и да успееме да колонизираме други планети.

Сподели на Facebook
пати видено