Честит Велигден – празникот над празниците од екипата на Мотика.
Скопје, Велигден. По улица оди дечко со цвено-црно јајце. Се среќава со уште еден со исто такво јајце и се поздравуваат:
– Вардар шампион!
– Навистина шампион!
– – – – –
Интересна статистика:
„Според податоците на Државниот Завод за Статистика, секоја година во Македонија се случува интересен феномен: За време на Великиот пост бројот на верниците нагло опаѓа, а на Велигден пак нагло се зголемува.“
– – – – –
Тинејџер врти околу црквата на Велигден. Попот се свртува кон него:
– Христос воскресна, чедо.
– Слушнав брат, страшна работа.
– – – – –
Бугарскиот фудбалер Христо Стоичков гледа на улица една многу згодна заводлива плавуша и решава да и пријде. Се приближува до неа, подава рака и вели:
– Христо Стоичков…
– Навистина Стоичков.
– – – – –
– Имаш ли некакви планови за Велигден?
– Да, ќе си поминам како Исус!
– Како?
– Ќе исчезнам во петок и ќе се вратам во недела!