Пролетта е годишно време кога многу луѓе страдаат од разни алергии, но оваа девојка низ текот на целата година има неверојатна алергија.
Можеби си мислите дека тоа не е возможно, но Ален всушност е алергична на…
Така е, обична Н2О!
Таа била темелно прегледана од повеќе доктори, во обид да се открие дали таа можеби е алергична на некоја хемиска состојка на водата. Дијагнозата досега вели дека е алергична на вода. А тоа значи во сите видови, било од базен, дожд, па дури и пот и солзи. Деловите од нејзиното тело кои ќе дојдат во допир со вода потекуваат и се јавува црвенило.
Девојкава е една од вкупно триесет и петте луѓе со ова ретко нарушување познато како аквагенична уртикарија. Ален за првпат ја забележала нејзината болна реакција на вода кога имала 12 години, откако се нурнала во семејната када и од неа излегла целата со осип.
„Тоа е како целата кожа да ви е истружана до последниот слој и многу чеша, или се разранува и крвари. Чувствувате како да ве брцнале во киселина, не за долго, но доволно колку да ви распара слој од кожата.“
Но, се снаоѓа. Тинејџерката го сменила начинот на исхрана и вежба умерено за да спречи нејзиното тело да произведува премногу пот, маснотии и миризба. Ова ѝ овозможува да се тушира само околу три пати неделно, и тоа се брзи студени туширања за да се избегне реакција. Живее активен живот како успешна ученичка, спортистка и писателка.
Според докторите, нејзиното нарушување е дегенеративно, што значи дека со текот на времето состојбата ќе ѝ се влошува. Тие предвидуваат дека ќе дојде ден кога пиењето вода може да ѝ го затвори грлото. И покрај сѐ, Ален одбива да биде дефинирана од нејзината болест.
На нејзиниот блог таа пишува: „Јас не сум само `таа девојката со водата`. Јас не сум само некоја таму алергична на вода. Не ги сакам бродовите и лигњите за инает на мојата болест. Ги сакам бродовите бидејќи ги сакам бродовите, и нема да дозволам било што, било која болест или јавно мнение да ги диктира моите интереси и способности.“
За да го прочитате нејзиниот прекрасно напишан и инспиративен блог, кликнете ТУКА.