Пронајдокот не мора да биде којзнае колку полезен за на пронаоѓачот да му донесе успех. Од пронајдоци кои нашле неочекувана примена, до такви кои се сосема безвредни, еве некои од најглупавите производи кои сепак успеале да заработат милиони.

Камен милениче

gl01

Можеби најпознатиот бесмислен пронајдок, каменот милениче за првпат го видел светлото на денот во 1975 година, како дело на Гери Дал и бил рекламиран како вистинско живо милениче. Поради некоја причина, оваа глупост набргу станала хит, продавајќи се во 1.5 милиони примероци и правејќи го Дал – милионер.

Интелегентен пластелин

gl02

Во 1943 година, инженерот на Џенерал Електрик Џејмс Рајт работел на синтетична гума за да се справи со недостатокот на гума за време на Втората светска војна. Неговите експерименти резултирале со овој пластелин за кој инженерите на ЏЕ не можеле да најдат никаква практична примена. Во 1949 година еден сопственик на продавница за играчки дознал за пластелинот и го видел неговиот потенцијал како играчка. До крајот на педесеттите станал вистински хит.

Тајмастер

gl03

Тајмастер е едноставна направа за вежбање наменета за бедрата, која се состоела од еластична и обложена метална цевка. Станала популарна откако познатата Сузана Сомерс ја употребувала, наводно како средство за слабеење. Иако била добра за развивање на мускулите на бедрото, не била баш практична направа за слабеење.

Џебен рибар

gl04

Рон Попејл бил голем трговец во седумдесеттите кој успевал да продаде семожни нешта, а најпознатата глупост која ја продал била џебниот рибар. Оваа џебна трска го решила проблемот кој не сте знаеле дека го имате и на компанијата ѝ донел 55 милиони долари во 2005.

Фурби

gl05

Кога Тајгер Електроникс го пуштил Фурби во продажба во 1998 година, манијата по виртуелно милениче била во вистински подем, со помош на што интерактивната играчка со сомнителна употребливост се продала во 40 милиони примероци за само три години.

БиДазлер

Уште еден „генијален“ пронајдок од осумдесеттите, дело на Херман Брикман со помош на кој купувачите ќе можеле да си прицврстат разни кристали, бижутерии, копчиња и слични светкави џинџурии секогаш кога ќе решиле дека им треба нешто светкаво во нивниот џемпер. Овој производ веќе дваесет години се продава успешно, наоѓајќи го својот пат до љубителите на ретро модата.

Тег кој се тресе (Shake Weight)

gl07

Би требало само да изгледате некое видео на Јутјуб и да видите за каква глупост се работи и за што сѐ луѓето се подготвени да дадат пари. Се работи за изменет рачен тег кој осцилира, на тој начин наводно зголемувајќи го интензитетот на вежбата. Благодарение на секси рекламите, видеата многу бргу станале популарни во 2009 година по што овој производ успеал да донесе 40 милиони заработувачка.

Хула стол


Хула столот, уште познат и како хавајски стол се појавил во 2005, и успеал да ги убеди луѓето дека може да им пружи масажа и вежбање истовремено додека седат во својата канцеларија со часови, продавајќи се во неверојатен број до 2007 година.

Флоуби

Ова ви е нешто како минијатурна правосмукалка прикачена на апаратче за стрижење и чудово било дело на Рик Хантс, во 1987. Многумина критичари забележуваат дека и не била толку ефикасна за потстрижување, но и покрај тоа до 2000 година се продале над 2 милиони примероци.

Снаги

gl10

Ова е најверојатно најглупавиот пронајдок кој се здобил со неверојатен успех. Секако не е првото ќебе со ракави на пазарот, но во 2009 „снаги“ стана толку популарен што се претвори во вистински феномен на поп културата, и тоа благодарение на исмевањето од страна на комичарите и интернет заедницата. Ова резултирало со продажба на милиони артикли во текот на само една година.

Сподели на Facebook
пати видено