Џени Луис, фотограф-портретист од Велика Британија создала прекрасна серија фотографии со мајки кои позираат со нивните новороденчиња.
„Во Велика Британија раѓањето е опкружено со страв, со непознато, со приказни за болка. Во основа, позитивните раскажувања за раѓањето се доста ретки.“ вели Луис. „Бидејќи јас имав две прекрасни раѓања, почувствував дека е важно да го споделам тоа и да го прикажам. Како што сериите еволуираа со текот на годините, засакав да го овековечувам тој суптилен премин во мајчинството. Посведочувајќи ја таа примитивна страна на човечката природа и документирајќи ја неретушираната убавина на овие жени.“
Луис ги наоѓала моделите растурајќи флаери во нејзиното соседство и не правејќи никаков посебен избор, што значи дека во нејзините дела се појавуваат најразлични жени.