Според најново истражување спроведено од американски истражувачи, во земјината обвивка која е помеѓу земјината кора и јадрото има големи резерви на вода, веројатно три пати повеќе од сета вода во сите океани на површината на планетата.
„Резервоарот“ со вода кој се чини доста стабилен, лежи на длабочина од 700 километри под површината на земјата, во зоната помеѓу горната и долната земјина обвивка. Истражувачите предводени од геофизичарот Стивен Џаковсен и сеизмологот Брндон Шмандт проценуваат дека водата е „заробена“ во минералот наречен рингвудит.
Ова е релативно ретка кристална структура која се создава под исклучително висок притисок и температура.Постоењето на толку големи количества вода фрла нова светлина врз хидролошките
циклуси на земјта и за потеклото на морињата и океаните, бидејќи овие подводни води во поголема или помала мера се задржале повеќе од милион години. Некои геолози веруваат дека водата на нашата планета дошла од вселената, или поточно од ледени комети кои паднале на земјата. Но, новите откритија посочуваат кон тоа дека можеби океаните постепено се издигнале од длабочините на земјата, благодарение на постојаното рециклирање на тектонските плочи. „Овие показатели посочуваат кон тоа дека земјината вода дошла одвнатре“, вели Џакобсен.