Среде огромната златна пустина во северна Саудиска Арабија, од песокта се издига еден замок, кој изгледа како да се крева речиси од масивен камен. Неговата фасада е е мазна и под прави агли во контраст на природната површина на каменот, и структурата веднаш паѓа в очи. Кога ќе ја видите, не можете а да не се запрашате: Кој ја изградил и зошто? Колку долго била тука во оваа пустелија?
Структурата е позната под името Каср-ар-Фарид, што значи „осамен замок“, и била изградена во првиот век, за време на предисламското Набатејско царство. Се наоѓа во Мада`ин Салех, позната и како Ал-Хиџр или Хегра и е еден од сличните споменици во областа. Ако ве потсетува на издлабениот град Петра во денешн Јордан, и треба. Петра бил главниот град на Набатеа. Мада`ин Салех бил вториот град по значење и бил голем трговски центар.
Каср ал-Фарид всушност и не е замок, туку е гробница, и тоа незавршена. Во својата незавршена состојба, таа ни дава увид за тоа како Набатејците ги граделе овие огромни камени градби. Употребувале огромни камени блокови кои потоа ги обликувале одозгора надолу. Украсни елементи позајмувале од египетските, хеленистичките и асирските стилови. Големината на гробницата го означувала социјалниот статус на покојниот. Гаср-ал Фарид е најголемата од 131-те гробници во областа. И покрај тоа што била изложена надворешни влијанија цели 1900 години, Гаср-ал Фарид е во многу добра состојба поради сувата клима.