Научете за тоа што сѐ може лошо да влијае врз вашиот мозок.
1. Недоволно спиење
Овој феномен, познат на секого, веќе станува глобален проблем. Според Светската здравствена организација, во текот на последните сто години луѓето почнале да спијат за 20 отсто помалку. Ненаспаноста предизвикува опаѓање на концентрацијата и моторните способности исто така опаѓаат. Редовниот недостиг на сон доведува до умирање на мозочни клетки.
2. Прескокнување на појадокот
Прескокнувањето на утринскиот појадок се одразува врз енергијата и ефективноста на личноста во текот на целиот ден, што е очигледно, но поентата е во тоа што поради тоа се намалува шеќерот во крвта, коешто го ограничува снабдувањето на мозокот со хранливи материи.
3. Премногу шеќер
Претходниот пасус објаснува зошто се препорачува јадењето на слатки, особено темно чоколадо, за да се има добра мозочна изведба. Но, претераното внесување на шеќер може да предизвика проблеми при обработувањето на белковините и другите хранливи материи, што доведува до ист ефект како при ниското ниво на шеќер – мозокот не добива доволно хранливи материи.
4. Стрес
Тешкиот емоционален стрес ги ослабнува врските помеѓу невроните и на тој начин го отежнува разбирањето на причинско-последичните врски. Големата нервна возбуда, слабото помнење и чувството дека сѐ оди лошо доведува до уште поголем стрес, и така се влегува во маѓепсан круг од кој тешко се излегува.
5. Средства за смирување и апчиња за спиење
Употребувањето на овие средства може да го ослабне помнењето до таков степен што да доведе до амнезија, деменција и опсесивни мисли за самоубиство.
6. Пушењето
Кога се зборува за негативните ефекти на пушењето, вообичаено се помислува на црни бели дробови и оштетени и пожолтени заби. Но не се зборува многу за тоа колку цигарите лошо влијаат врз мозокот. Никотинот ги стеснува крвните садови, со што се намалува квалитетот на хранење на мозокот и се зголемува ризикот од Алцхајмерова болест.
7.Недоволна изложеност на сонце
Недостатокот на сончева светлост директно ги погодува спознајните способности. Прво, ултравиолетовата светлина која ја произведува сонцето го регулира крвотокот, а со тоа и протокот на кислород и хранливи материи. Второ, сончевата светлина помага при производството на серотонин, хормон кој го регулира човечкото расположение.
8. Недостаток на вода
Недостатокот на вода го намалува волуменот на мозокот, што значително ја намалува неговата ефикасност и доведува до речиси нула способност на помнење. Се препорачува да се пие во просек 1.5 до 2 литри вода дневно.
9. Премногу информации
Со секоја година, количеството на информации кои се внесуваат во мозокот се зголемуваат сѐ повеќе и повеќе. Ова се чини како полезна вежба за мозокот, но тој на вишокот информации реагира со отпор, што резултира со замор и послаба способност за обработување на информациите.
10. Вршење на повеќе задачи наеднаш
Ова е уште една аномалија на современиот информатички свет: луѓето истовремено процесираат повеќе извори на информации. Како последица на тоа, ниедна од нив не е обработена во целост и мозокот се навикнува на таков начин на работа. Информацијата се восприема површно и тешко се сосредоточуваме на една работа за подолго време.