Многу често зборот „неандерталец“ го употребуваме кога сакаме да навредиме некого во смисол дека е помалку умен, но според научните иследувања, неандерталците всушност биле многу слични на современите луѓе. Нивниот череп дури бил и поголем од нашиот, што значи дека имале и поголема мозочна маса.
Еве некои факти за нашите исчезнати роднини кои ќе направат да размислите два пати пред да посакате некого да навредите со зборот „неандерталец“.
1. Иако хомо сапиенсот од неандерталецот се издвоил пред повеќе од 400.000 години, нашите предци до пред 37.000 години се мешале со нив, што значи дека во секој од нас има неандерталски гени.
2. Неандерталците го печеле месото пред да го јадат.
3. Дури користеле и лекарства. Научниците нашле докази за два вида на антивоспалителни средства во забите на неандерталци.
4. Археолозите нашле жолт пигмент кој неандерталците можеби го ставале врз нивната кожа, што значи дека тие се шминкале.
5. Неандерталците не биле згрбавени како што порано се мислело. Всушност, се погодило така што првиот најден скелет на неандерталец имал артритис.
5. Неандерталските гени всушност ни помагаат во борбата со вируси како Епстајн-Баровиот вирус кој предивикува неколку видови на рак.
6. Неандерталците своите копја ги изработувале со помош на лепило.
7. Неандерталскиот геном е успешно издвоен и генетичарите веруваат дека тој би можел да се клонира од човечка мајка.
8. Пештерските слики во пештерата Ел Кастилјо докажуваат дека неандерталците имале око за визуелната уметност.
9. Неандерталците можеби зборувале со ужасен, пискав глас како Мики Маус.
10. На големо се дебатира зошто исчезнале неандерталците пред 40.000 години. Некогаш се верувало дека луѓето ги истребиле во голем геноцид, што не нѐ прави да изгледаме особено фини. Други мислат дека изумреле бидејќи не можеле да држат чекор со нашите супериорни техники на лов (на пример, ние сме имале кучиња).
Според третата теорија, ние сме ги апсорбирале во нашиот вид преку мешање со нив. Се проценува дека од 1 до 4 отсто од ДНК во азискиот и кавкаскиот хомо сапиенс се наследени од неандерталците.