Во ридските предели во околината на Прованс, Франција, на површина од 200 хектари се простира долината на соларните панели. 112.780 соларни панели генерираат 100 мегавати електрична енергија. Во јужните региони на Франција секојдневно се појавуваат нови и нови полиња со сончеви колектори, како резултат на што се произведуваат повеќе од 4 гигавати електрична енергија. Исто така и голем дел од домовите имаат инсталирано сопствени соларни панели и сами си произведуваат во просек по 38% од електричната енергија што ја трошат.