Позната наша спонзоруша отишла во Венеција и решила да се обиде да фати некој богаташ.
Купила водич, мапа, разгледувала, прашувала… Ги обиколила музеите и на крај влегла во една позната антикварница. Застаната пред сликите и кога наоколу се собрале група богати мажи, туристи, го прашала продавачот:
– Сињор, ова е познатата слика од 17 век „Селанка лупи семки“, нели?
– Се плашам дека не, сињорина, тоа е венецијанско огледало од 18 век…