Некои од вас можеби слушнале за „Интернетот на нештата“, некои наслушнале нешто, а некои можеби за првпат слушаат дека постои такво нешто. Без разлика во која група спаѓате, текстот кој следи ќе го промени начинот на кој гледате врз некои нешта.
Што е тоа?
Интернетот на нештата, и покрај неговото едностано име, претставува огромна и исклучително сложена мреза на врски помеѓу сите видови на сметачки уреди. И тука не мислиме само на компјутерите и телефоните, туку и на машините за кои никогаш не би помислиле дека се приклучени на бежична врска – како машини за перење, термостати, ламби итн.
Истражувачите проценуваат дека до 2020 година, 26 милијарди уреди ќе бидат дел од „Интернетот на нештата“. Како што ова крајно ниво на меѓусебна поврзаност полека станува форма и сите тие уреди ќе можат да комуницираат едни со други, ќе се достигнат нови неверојатни нивоа на автоматизација на речиси секое поле од секојдневието.
Но, зошто?
Интернетот на нештата колку што ни се чини иновативен, во иста мера, ако не и повеќе, се чини застрашувачки, па затоа е важно да размислиме како би ни помогнало тоа, и дали ни е потребно. Преку „The Mobile Movement“ компанијата AT&T цели токму кон тоа. Како една од поиновативните компании во сиот тој напредок на мобилните технологии, тие сакаат да разгласат за „Интернетот на нештата“ како и да ги постават вистинските прашања, и како што истакнуваат, тоа е целта на нивните интернет серии.
Во првата епизода, тие покажуваат како оваа огромна мрежа ќе трансформира се, од нашите домови, преку цели градови и на крај целиот свет.
Дали тоа е добро нешто? Тие мислат дека е добро, но можете да го изгледате видеото и да си изведете свои заклучоци.