Галилео Галилеј (15. февруари 1564 – 8. јануари 1642) бил италијански физичар, математичар, инжинер, астроном и философ кој одиграл значајна улога во научната револуција на ренесансата. Го усовршил телескопот и астрономското набљудување и ги поддржал учењата на Никола Коперник. Ги потврдил фазите на Венера и открил четирите најголеми сателити на Јупитер, кои во негова чест се наречени Галилеови месечини. Галилео работел и на полето на применета наука и технологија, пронаоѓајќи и усовршувајќи го воениот компас и други инструменти.
Следуваат некои од неговите најпознати цитати.
1. Не се чувствувам обврзан да верувам дека истиот Бог кој не обдарил со чувство за смисол, разум и интелект нѐ создал за да не ги употребуваме.
2. Во науката авторитетот на илјадници мислења не вреди толку колку една мала искра на разум кај еден единствен човек. Покрај тоа, најновите набљудувања ги лишуваат сите писатели од минатото од било каков авторитет, бидејќи кога тие би го виделе тоа што ние го гледаме, и тие би го донеле истиот заклучок како нас.
3. Генијот се раѓа од страста.
4. Навистина е прекрасна глетка да се гледа телото на месечината.
5. Драг мој Кеплер, што би кажал за учениот кој тврдоглаво одбива да фрли поглед низ телескопот.
6. Кога станува збор за нештата за кои треба мислење, колку луѓето помалку ги разбираат и знаат за нив, толку повеќе се обидуваат да расправаат за нив.
7. Види ја сега моќта на вистината; истиот експеримент кој на прв поглед покажуваше едно, кога повнимателно ќе се испита, нѐ убедува во спротивното.
8. Имињата и атрибутите мораат да бидат соодветни на суштината на нештата, а не суштината да се прилагодува на нештата. бидејќи прво се појавуваат нештата, а потоа нивните имиња.
9. Сета мудрост е напишана во таа голема книга која е отворена пред нашите очи – мислам на вселената – но не можеме да ја разбереме ако прво не го научиме јазикот и ги разбереме симболите со кои е напишана.
10. Библијата ни кажува како да стигнеме до небото, а не како небото функционира.
11. Има такви кои добро размислуваат, но нивниот број е ужасно надминат од таквите кои размислуваат лошо.
12. Одрекувајќи ги научните принципи, ви останува само парадоксот.
13. Сонцето со сите тие планети кои се вртат околу него и се зависни од него, сѐ уште може да откине некој грозд како да нема што друго да прави.
14. Никогаш не сум сретнал толку неук човек од кој не би можел да научам нешто.
15. Виното се сончеви зраци кои заедно ги држи вода.
16. И сепак се врти.
17. Сите вистини лесно се разбираат кога ќе се откријат. Поентата е во тоа да се откријат.
18. Не можете да научите човек на нешто; можете само да му помогнете самиот да го открие тоа.
19. Мери го тоа што е мерливо, а тоа што не е направи го да биде.
20. Кога станува збор за нашиот ум, велам дека изразите „големо“, „мало“, „бескрајно“ не се апсолутни туку релативни; едно исто нешто во споредба со други може да биде наречено и „огромно“ и „незабележливо“.
21. Во иднина ќе се отвори порта и пат кон голема наука во која умови попроницливи од мојот ќе се нурнат во уште поголеми длабочини.