Кога реновирате зграда, секогаш треба да внимавате што рушите. Еден невнимателен удар може да оштети одводни цевка, ожичување или носечки столб. Или, како што во шеесеттите се случило во една куќа во Турција, нештата можат да испаднат сосема забегани.

Реновирајќи си ја куќата, еден човек од провинцијата Невсехир во Турција, уште позната и како Кападокија, срушил ѕид во подрумот, воопшто не мислејќи дека ќе види којзнае што. Но кога ѕидот паднал, се нашол во тунел.

gr01

Тоа што го нашол бил древниот подземен град Деринкују, целосно издлабен во каменото тло под Кападокија, досегајќи длабочина до шеесет метри. Имал осумнаесет нивоа и бил опремен со живеалишта, цркви, складишта за хrана, винариi, па дури и училиште. Бил осмислен да вдоми околу 20.000 луѓе како и извесен број домашни животни. Имал вентилациски отвори на површината како и неколку тајни влезови како тунелот зад ѕидот под куќата на човекот. Овие скриени влезови сугерираат дека градот бил изграден како засолниште во случај на војна или природна катастрофа.

gr02

Винарија во Деринкују. Градот бил изграден за престој на подолго време.

gr03

Оваа голема просторија со сводест таван била користена како религиско училиште. Градот Деринкују го населувале христијани од раниот среден век па сѐ до почетокот на дваесеттиот век.

gr04

Илустрација на подздемен град слилен на Даринкују. Забележете ја црквата на најдолното ниво. Ваквите градови биле градени за време на прогонствата на христијаните, па така религиозните објекти биле сместени на најдолните нивоа за да се заштита.

gr05

Една од масивните камени врати со кои се блокирале влезовите. Во дупката на средина се вметнувала греда со помош на која вратата се тркалала и се затварала или отворала.

Детално изработениот подземен град бил испресечен со скалила и премини, па дури бил и поврзан со друг таков подземен град преку тунели кои се протегаат со километри. Градот бил користен како засолниште и за време на монголската инвазија во 12. век, а потоа во него се криеле христијани од Кападокија сѐ до 1923 г. кога конечно бил напуштен засекогаш.

gr06

Повеќето од влезовите на Деринкују се тајни и секое од петте нивоа може целосно да се затвори со помош на огромни камени врати. Просторијата за стока како и 55 метри длабокиот бунар посочуваат дека жителите планирале да можат да останат таму долго време. Имало дури и оружарници како и премини за бегство доколку нештата станат крајно лоши.

Сподели на Facebook
пати видено