Изгледа чудно, но студените, тенки жици се еден од најдобрите материјали кога уметник ќе сака да прикаже човечки форими. Овие елегантни скулптури од жица се дело на Ричард Стејнторп, уметник од Ричмонд, Велика Британија. Скулптурите личат на танчери или шумски духови замрзнати на сред чекор. Жиците се совршен материјал за имитирање на мускулите и облините кои се среќаваат кај човечкото тело. Уживајте во креативноста на овој уметник.