Прочитајте ја оваа трогателна приказна за тоа како едно семејство од Финска спасило и пораснало повредена верверичка која ја нашле како младенче, и која со нив живеела шест години.
Приами, корисник на Редит, споделува неколку фотографии објаснувајќи како се случило сето тоа. Неговата баба прво мислела дека верверичката е мртва, но потоа почнала да покажува знаци на живот, по што бабата на Приами му ја доделила верверичката на чување нему.
Кога закрепнала, се обиделе да ја пуштат на слобода, но верверичката не била способна да се грижи сама за себе поради слепилото на едно око, па така ја задржале и ја нарекле Арту. Верверичката живеела со нив од 2007 до 2013.
Младенчето го најдоа повредено крај пат.
Кога закрепна, се обидовме да го пуштиме назад во дивината, но падна од дрво и удри на камен.
Преживеа, но сфативме дека неговото око никогаш нема целосно да закрепне и дека нема да преживее оставен сам на себе.
Го нарековме Арту
Се изненадивме колку успеа да се припитоми.
Сакаше да си игра борење со нашите раце, како што прават мачките, и беше доволно умен да не гризе пресилно.
Исто така, сакаше да предремува во нашите џебови.
Го препознаваше своето семејство и стануваше многу претпазлив кога во близина имаше туѓинци.
Го храневме со ореви, овошје, бобинки и печурки.
И кога го пуштавме, секогаш се враќаше. Ќе останеше некое време на дрво и пак ќе ми скокнеше на рамото.
Ноктите на верверичките постојано растат, па повремено моравме да ги сечеме, бидејќи не можеше да ги износи природно.
Блицот на оваа фотографија го покажува блесокот на неговото здраво око…
…додека оваа го покажува неговото замаглено и сиво око.
Умре на стара возраст. Едно утро го најдов мртов, свиткан во неговото „гнездо“ како да спие.
Сета храна што ја чувавме за него ја дадовме на други верверички.