Аристотел бил философ и научник роден во античкиот македонски град Стагира на Халкидики. На осумнаесет години пристапил во академијата на Платон во Атина и таму останал до триесет и седумгодишна возраст (околу 347 г. пр.н.е.) Неговите писанија покриваат многу теми – физика, биологија, зоологија, метафизика, логика, етика, естетика, поезија, театар, музика, реторика, лингвистика, политика – нешта кои сите заедно го сочинуваат првиот сеопфатен систем на западната философија. Набрго по смртта на Платон, Аристотел ја напуштил Атина и на барање на Филип II Македонски станал учител на неговиот син Александар Македонски, почнувајќи од 343 г.пр.н.е.
Подучувањето на Александар на Аристотел му пружило многу можности и извори. Основал библиотека којашто помогнала во пишувањето на многу негови книги. Фактот што Аристотел бил ученик на Платон придонело многу од неговите идеи да бидат повлијаени од платонизмот, но по смртта на Платон, Аристотел се нурнал во емпириски проучувања и од платонизам преминал во емпиризам. Тој верувал дека концептите на луѓето и сите нивни знаења почиваат врз основа на нивните восприемања. Аристотеловите гледишта за природните науки претставуваат темел за многу од неговите дела.
Неговите дела извршиле силно влијание на средновековната наука, а потоа и врз ренесансата. Неговите дела го содржат најраното познато формално проучување на логиката, што во доцниот 19. век било вклучено во современата формална логика.
Во поглед на метафизиката, аристотелизмот силно повлијаел на сите три големи монотеистички религии коешто влијание продолжува и денес, особено во схоластичката традиција на католичката црква.
Следуваат некои од најважните цитати од Аристотел…
1. Спознавањето на себеси е почеток на секоја мудрост.
2. Не постоел ни еден голем ум кој не бил допрен од малку лудило.
3. Образованието на умот без образование на срцето не е никакво образование.
4. Извонредноста никогаш не е случајност. Секогаш е резултат на силна намера, искрен напор и паметна изведба. Таа претставува мудар избор помеѓу многу алтернативи – изборот, а не среќата или случајноста, е тоа што треба да ја определи твојата судбина.
5. Да се разгледува некоја мисла без таа да се прифати е одлика на образованиот ум.
6. Ако сакаш никој да не те критикува, не вели ништо, не прави ништо, биди никој.
7. Не е доволно да се победи во војна; поважно е да се организира мирот.
8. Задоволството во работата дава совршеност во делото.
9. Го стекнав ова преку философијата…Без некој да ми наредува го правам тоа што другите се обврзани да го прават поради страв од законот.
10. За да пишуваш добро, изразувај се како обичните луѓе, но мисли како мудрец.
11. Што е пријателството? Една душа којашто населува две тела.
12. Надежта е сон кој чекори.
13. Среќата зависи од нас самите.
14. Среќата е значењето и целта на животот и на човечкото постоење.
15. Секој може да се разгневи – тоа е лесно, но да се налутиш на вистинската личност, во вистинска мера, во вистинско време, поради вистинска причина и на вистински начин – тоа не е во сечија моќ и не е толку лесно.
16. Тој кој е пријател на сите не е пријател на никого.
17. Тие кои ги учат децата треба да се почитувани повеќе од тие кои ги прават; затоа што вторите само им даваат живот, а првите им ја даваат умешноста да живеат добро.
18. Учениот се разликува од неукиот како што живиот се разликува од мртвиот.
19. Тој кој ќе ги надмине своите стравови ќе ја постигне вистинската слобода.
20. Тие коишто знаат, прават. Тие кои што разбираат, подучуваат.
21. Похрабар е тој кој ги победува своите страсти од тој кој ги победува своите непријатели, бидејќи најтешката победа е победата врз себеси.
22. Еден пријател вреди за педесет непријатели.
23. Сиромаштијата е родител на револуцијата и на злосторот.
24. Возвишениот ум треба да ја цени вистината повеќе отколку што тоа го прават обичните луѓе.
25. Сите човечки дејствија имаат една или повеќе од овие седум причинители: случајност, природа, порив, навика, разум, страст и желба.
26. За нештата кои треба да ги научиме пред да почнеме да ги правиме, учиме правејќи ги.
27. Токму за време на нашите најмрачни мигови мора да се сосредоточиме на светлината.
28. Енергијата на умот е суштината на животот.
29. Не секогаш е исто да се биде добар човек и добар граѓанин.
30. Тој кој не може да биде добар следбеник не може да биде ни добар водач.
31. Човекот по природа е општествено животно; поединецот кој природно е асоцијален или не го забележуваме или е нешто повеќе од човек. Општеството е нешто што му претходи на поединецот. Тој којшто или не може да учествува во зедничкиот живот или е толку самоодржлив што тоа не му е потребно, или е животно или е бог.
32. Сите луѓе по природа го сакаат знаењето.
33. Колку повеќе знаеш, толку повеќе знаеш што не знаеш.
34. Природата ништо не прави бесцелно.
35. Во сите нешта во природата има нешто чудесно.
36. Мудрите говорат кога имаат што да кажат. Глупавите зборуваат бидејќи мораат нешто да кажат.
37. Сите луѓе треба да го следат тоа што е правилно, а не тоа што е воспоставено како правилно.
38. Единствената стабилна состојба е таа во која сите луѓе се еднакви пред законот.
39. Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки.
40. Една птичка не ја прави пролетта, како ни еден убав ден. Така и еден ден исполнет со среќа на ја прави личноста целосно среќна.