Центарот за спасување на диви животни Вилалобос во јужна Луизијана за жал често е прибежиште за злоставувани и напуштени животни. Но овој питбул кој бил најден пред еден локален затвор од страна на вработените бил во особено лоша состојба. Кучето кое сега е наречено Куртис било најдено во критична состојба со тешка прострелна рана, но сепак не се предавало.
Предупредување: некои од сликите воопшто не се пријатни за гледање!
Откако го прибрале во нивното комбе, спасувачите итно го однеле во ветеринарната во Сајпрес Лејк.
Таму итно го подложиле на операција.
Питбулот бил толку истоште што не морале ни да му дадат средство за смирување. Штом го ставиле на операционата маса, веднаш заспал.
Кога му ја испрскале раната со дезинфекциско средство, од неа излегле илјадници црви, шго било јасен показател дека бил оставен сам на себе со денови.
Куршумот во пределот на грбот за малку го промашил неговото срце. Фактот дека бил застрелан на тоа место посочува дека пукале во него додека бегал.
Куршумот излегол кај задниот дел на неговата глава. Бил застрелан со 40-калибарско огнено оружје. Покрај прострелната рана, морале да му го лекуваат скршеното рамо, а имал и срцеви црви.
Но благодарение на прекрасниот персонал во ветеринарната служба, како и на големата среќа која ја имал, ова било среќното лице кое следното утро ги поздравило ветеринарите.
Сѐ уште е преморен, но ветеринарите се сигурни дека целосно ќе закрепне и ќе најде нов дом кој ќе му пружи љубов и грижа.