Сократ бил класичен грчки философ кој се смета за еден од основачите на западната философија. Тој е загадочна личност и за него се дознава главно преку делата на други автори од класичната грчка мисла, пред сѐ во делата на неговите ученици Платон и Ксенофон, како и во комедиите на неговиот современик Аристофан. Дијалозите на Платон се меѓу најсодржајните извори за Сократ коишто опстојале низ вековите.

sokrat

Преку неговиот портрет во Платоновите дијалози, Сократ се прославил со неговиот придонес на полето на етиката, и токму тој Платонов Сократ го позајмува своето име на прочуената Сократова иронија и Сократов метод. Сократовиот метод останал како често употребуван метод за водење дискусија, и претставува вид педагогија во која преку серија прашања се извлекуваат индивидуални одговори, но исто така и поттикнуваат на осознавање на основите на проблемот за кој се дискутира. Платоновиот Сократ е важен и по неговиот траен придонес во областа на епистемологијата и влијанието на неговите идеи и неговиот приод кон решавањето на философските и етичките прашања е цврст темел за западната философија која следела во следните векови.

Да се потсетиме на неговата мудрост по овие негови познати 24 цитати;

1, Единствената вистинска мудрост е во сознанието дека не знаете ништо.

2. Неосознаениот живот не вреди да се живее.

3. Има само едно добро – знаењето, и само едно зло – незнаењето.

4. Јас не можам да научам никого на било што. Можам само да направам да почнат да мислат.

5. Биди љубезен, бидејќи секој кој го среќаваш минува низ тешка битка.

6. Силните умови зборуваат за идеи, просечните умови за настани, а слабите умови за другите луѓе.

7. Ожени се по секоја цена. Ако најдеш добра жена, ќе станеш среќен човек, а ако најдеш лоша, ќе си станеш философ.

8. Тој кој не е задоволен со тоа што го има, не би бил задоволен ни со тоа што би сакал да го има.

9. Ако не го добиеш тоа што го посакуваш, страдаш. Ако го добиеш тоа што не го сакаш, страдаш. Дури и ако го добиеш точно тоа што го посакуваш, пак ќе страдаш бидејќи нема да може вечно да биде твое. Страдањето е во твојот ум. Тој сака да биде ослободен од промените, ослободен од болката, од обврските на животот и смртта. Но промената е закон и колку и да се преправате ништо нема да ја измени таа реалност.

10. Понекогаш градите ѕидови не за да ги држите луѓето надвор од вашиот свет, туку за да видите кој е тој на кој му значите доволно за да ги разбие и влезе внатре.

11. Чудењето е почеток на мудроста

12. За да се најдеш себеси, мисли сам.

13. Образованието е искра на оган, а не полнење за сад.

14. Спознај се себеси.

15. Тој кој сака да го придвижи светот, прво нека се придвижи себеси.

16. Тајната на среќата, знаеш, не се напѓа во тоа да бараш повеќе, туку во развивањето на способноста да уживаш во помалку.

17. Тајната на промената е во сосредоточувањето а сета твоја енергија не во борбата со старото, туку во изградбата на ново.

18. Јас не сум ни Атињанин ни Грк, туку сум граѓанин на светот.

19. Го претпочитам знаењето пред богатството, бидејќи второто е минлово, а првото е вечно.

20. Да се разбере прашањето е половина одговор.

21. Вистинската мудрост ни доаѓа кога ќе осознаеме колку малку го разбираме животот, себеси и светот кој не поддржува.

22. Најбогат е тој кој се задоволува најмалку, бидејќи задоволноста е богатството на природата.

23. Да се биде значи да се дејствува.

24. Сѐ е во умот; тоа што го мислиш, во тоа се претвораш.

Сподели на Facebook
пати видено