Во Битола заведувањето на девојките од стално е дисплина сама за себе, негувана и одржувана со традиција. Порано серенадите под пенџере не биле реткост, туку секоја млада дама имала по едно или две такви искуства.
Но, со менувањето на начините на удварање и шо почна се почесто селото да мава в град, удварачите од типот “Врлај виска, врлај виска, глата тапан” станаја се почести.
Во мојот дневник нема да пишам за успешните заводници, ами за неколку страмежливи и помалку умешни.
Првио јунак на приказната е…
Си било некое дете нон-стоп било на биљарто, од ко знаел за себе цел ден, цела ноќ тој само на Биљарто, најјак бил во малата, па дури ко ќе дојделе Прилепчаните кај Столе му ги земал парите на сите. Дошло време некое чупе и него му се бендисало. 10 дена батето ни јадел ни пиел, дури ни биљарто не играл. Се думал шо да му речи и на крајо се обратил за помош и го прашал другар му за совет, а овој му рекол, “Абе брат мора да бидиш искрен, чупињата сакат да си свој не да глумиш лудила, напрај нешто со свој зборој, спонтано, ко секој ден шо прајш муабет опуштено, биди 100% ти, па дури и да се збуниш”. И другаро срце јуначко, врзал две ракии се охрабрил и му ошол на чупето и како секој ден така и тогаш, приидел и му рекол “Сузе, сакаш да се лапаме кој губи ???”
Вториот случај е за едно дете, кое многу му се бендисвало на едно чупе. Таја била најлична во горната, плус со сите петки, а овој исто добар, фин дечко со сите нишани, секогаш дотеран среден, ама поќе имал ќејф за риболов одколку за по женски. Таја се обидела неколку пати да флертува со него, ама слабо, на овој памето во трската, црвите, ларвите и долу за на риби кај туланата. Ама чупево заљубено до уши, па фатила врски преку другари наваму натаму и конечно излегле заедно. На едното сепаре седнале другарите за подршка, на другото тој со чупето. 30 минути другаро збор немал кажано, па почнале другарите да реагират. И конечно се решил и му рекол “Абе извини да те прашам, да не знајш некој точак да продава на старо???”. Ама ко ќе сака жена тогаш сака, па се фатија та вечер.
Имаме уште многу вакви херои, но дел ќе ги зачуваме за во друга прилика. Ајде пријтно!!! (продолжува…)
Автор: Виктор А.К.А. Башлак