Дука народот ги припитомил ирвасите, ги јаваат, ги одгледуваат за млеко, сирење и крзно. За жал, нивниот начин на живот изумира и бројот и на народот Дука и на ирвасите бргу се намалува. Се проценува дека народот Дука брои од 200 до 400 души. Нивниот главен извор на приходи денес се туристите кои ги купуваат нивните производи и ги јаваат нивните ирваси.
Преку неговите фотографии на номадскиот народ Дука кој живее во северна Монголија, фотографот и научник Хамид Сардар Афками ни дава нов увид во секојдневниот живот на луѓето чијшто опстанок зависи од мигрирачките ирваси.
Со докторат по Санскрит и тибетски студии од Харвард, Сардар-Афками бил совршениот човек кој ќе го документира животот на Дука пред целосно да исчезне. Покрај овие бесценети фотографии, тој снимил и документарен филм за нив, наречен „Народот на ирвасите“.