Лесно е да се претпостави дека слепилото е тежок хендикеп кој најверојатно би ставил крај на кариерата на еден визуелен уметник, но во случајот на Џон Брамблит, неговото слепило било тоа што ја запалило искрата на неговата кариера како уметник. Бтамблит почнал да слука во 2001, кога го загубил видот поради епилепсија.

Брамблит е „функционално слеп“ коешто значи дека неговите очи можат само да прават разлика помеѓу светлина и темнина.И покрај ова, тој развил нов начин на сликање – користејќи текстурирани бои како начин преку допир да се снаоѓа на уметничкото платно. „Бо основа, сѐ што прави со очите еден сликар кој гледа, јас тоа го надоместувам со допир“, пишува тој на својата веб страница. „Поткренатите линии ме водат што каде треба да ставам на платното.“

Исто така има и интересно решение за бојата; „Сите шишенца со боја во моето студио се Брејлирани, а кога ги мешам боите, користам рецепти. Со други зборови, ги мерам количествата на бои кои треба да ги измешам и така ја добивам посакуваната нијанса. Исто како кога приготвувате торта.“

blind-painter-john-bramblitt-1

blind-painter-john-bramblitt-2

blind-painter-john-bramblitt-3

blind-painter-john-bramblitt-5

blind-painter-john-bramblitt-7

blind-painter-john-bramblitt-8

blind-painter-john-bramblitt-10

blind-painter-john-bramblitt-11

blind-painter-john-bramblitt-12

blind-painter-john-bramblitt-13

blind-painter-john-bramblitt-14

blind-painter-john-bramblitt-16

Сподели на Facebook
пати видено