Покрај замокот на Дракула, во Романија има нова хорор знаменитост, која е широка речиси 300 хектари. Шумата Хоја Бачиу се смета за најопседнатата шума во светот поради многуте наводни видувања на духови, НЛО-а и други видови мистерии, како и поради морничавоста карактеристична за неа. Што навистина се случува во оваа шема?

Често нарекувана „Романски Бермудски триаголник“, шумата Хоја Бачиу своето име го добила по овчар кој во неа се изгубил заедно со своите 200 овци.

ш01

За овие бизарно искривени дрвја се вели дека се душите на убиени селани. Се раскажува дека на полноќ се појавуваат пар зелени очи и неприродно густа магла.

ш02

Наводната паранолмана активност се фокусира околу мистериозна чистинка во шумата кадешто едвај да расте некоја вегетација. На ова место во шеесеттите биологот Александру Сифт снимил фотографии на кои наводно се гледа НЛО. Оттогаш постојано се шират гласини за паранормални појави.

ш03

Тука се и мистериозните снопови светлина кои се јавуваат во најтемните области на шумата. Сифт го истражувал феноменот, и кажал дека дури и ако не се работи за паранормални појави, науката сепак не може со сигурност да објасни за што станува збор.

ш04

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено