Жителите на најскапите градови во светот понекогаш и за најобичните и најосновните нешта плаќаат два, три или десет пати повеќе од жителите на помалите и помалку луксузни места. Почнувајќи од хамбургер за 10-15 евра до баснословни цени за гарсоњера, а па да не говориме за скапите апартмани и куќи. Ви претставуваме топ 10 листа на најскапите градови во светот.

Сингапур

gr01

Градот е на врвот на листата на најскапи градови во светот поради високите трошоци за облека и транспорт. Еден пар фармерки од продавница на авенијата Орхард, популарната шопинг улица во Сингапур може да чини педесет проценти повеќе од истиот пар кој би го купиле во Њујорк.

Исто така и јавниот трансорт е три пати поскап од тој во Њујорк. Сопствениците на автомобили покрај регистрацијата и акцизите мораат да плаќаат дополнителни давачки за ограничувања во поглед на бројот на возила. Севкупно земено, автомобилите во Сингапур чинат двојно од нивната продажна цена.

Париз

gr02

Париз е број два на листата. Иако алкохолот и цигарите се релативно ефтини, рафинираниот вкус на парижаните за квалитетна храна и облека овие нешта ги прават многу поскапи од вообичаено. На пример во пекарите една векна леб чини околу осум евра.

Осло

gr03

Норвешкиот главен град е на трето место на листата на најскапи градови, но само кога станува збор за јавниот превоз. Просечната цена на билет за метро чини околу 4-5 евра, повеќе од двојно во споредба со цената за еден билет во њујоршкото метро.

Цирих

gr04

Речиси четвртина од жителите на Цирих работат во банка или во инвестициона фирма. Но дали тоа значи дека цената на еден хамбургер треба да чини 15 евра? Цирих исто така е и еден од најскапите градови кога станува збор за рекреацијата и забавата.

Сиднеј

gr05

Трошоците за живот се во пораст во Австралија, со што градот Сиднеј е на шестото место на најскапи градови во светот. Просечната месечна кирија за луксузен двособен апартман чини над 2500 долари.

Мелбурн е крунисан како најпогодниот град за живот

gr06

Мелбурн е рангиран веднаш зад Сиднеј во листата на најскапи градови во светот. мелбурн е прогласен за најпогодниот град за живеење, но тоа доаѓа со извесна цена Една кутија цигари чини речиси 19 долари, во споредба со 5.50 во САД.

Женева

gr07

Женева е вториот швајцарски град на оваа листа. Едно кафе чини неверојатни 6 евра.

Копенхаген

gr08

Копенхаген е последниот европски град на оваа листа. Едно пиво или кафе во Копенхаген би ве чинело околу 6 евра.

Хонг Конг

gr09

Хонг Конг е еден од најскапите градови во светот најмногу поради високата рента. Просечната цена за метар квадратен во Хонг Конг изнесува 11.000 долари.

Сеул

gr10

Сеул ја заокружува топ 10 листата на најскапи градови во светот. Пред педесет години беше на педесеттото место, но сега во јужнокорејскиот главен град намирниците одат по многу висока цена. Една векна леб чини околу 13 евра.

gr11

Сподели на Facebook
пати видено