Луѓето вообичаено мислат дека најстарите мумии се тие од древен Египет од 3000 г. пр.н.е. Но најстарите мумии во светот се всушност од народот Чинчоро во денешните Чиле и Перу. Мумиите од овие локации датираат во периодот од 7000 до 5000 г.пр.н.е.

Овие прекрасно сочувани мумии биле направени низ долг и напорен процес. За жал, нивната иднина е несигурна поради климатските промени. Повишените температури овозможуваат развој на микроби кои мумиите ги претвораат во црна течност.

Во Египет умифицирањето било резервирано само за елитата, но кај овој народ биле опфатени сите социјални слоеви. Првин ги ваделе внатрешните органи и ги полнеле со пепел. Потоа ја отстранувале кожата и ја заменувале со слој од глина, на лицето ставале глинена маска и целото тело го обвиткувале во трска за да се исуши.

За жал, климатските промени се закануваат да го уништат ова сведоштво за една многу стара човечка култура. Нивото на влажност може да се контролира во музеите, но има стотици мумии закопани во долините на северно Чиле. За овие сѐ уште неоткопани мумии помошта можеби нема да стигне доволно брзо.

desktop-1426524162

desktop-1426524164

desktop-1426524165

desktop-1426524167

desktop-1426524168

desktop-1426524169

desktop-1426524171

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено