Веројатно сте преминале преку безброј капаци за шахти, што веројатно веќе не ги ни забележувате, освен се разбира ако не налетате на отворена шахта, но тоа е веќе друго прашање. Но ако сте во Јапонија, би требало да обрнете повеќе внимание на капаците за шахти. Јапонските градови се познати по нивните внимателно изработени и изведени урбанистички планови, при што се посветува внимание на секој детал, па дури и на капаците за шахти. Тие многу често се украсувани со најразлични видови слики кои ги прославуваат градовите и нивното културно-историско наследство.
На многу од овие капаци се прикажани класични јапонски мотиви како расцутени цреши и традиционална јапонска архитектура.
Оваа од Нара прикажува класичен есенски пејсаж во близина на Хорју Џи, познат будистички храм.
И покрај нивната намена, капаците за шахти се украсени со светли и прекрасни уникатни дизајни.
И покрај нивната убавина, тие се дизајнирани за 100-процентна функционалност, т.е. да бидат убави, но и издржливи.
Овој капак е украсен како традиционална тамари, детска топка и играчка која често се украсува со светли декорации.
Овој поклопец ги прославува јапонските самураи.
Овие им оддаваат почит на пожарникарите во Токио, чијашто заштитна опрема наликува на самурајски оклоп.
Пожарникарите ги користат овие шахти како пристап до вода за нивните противпожарни црева.
Овој капак во префектурата Нара алудира на многуте паркови и природни простори во регионот, како и на големата популација на елени.
Овој капак го прикажува градското собрание, а ѕвездестиот облик ја претставува историската тврдина Горјукаку.
Овој капак во Кавагое ја прикажува камбанаријата „Ѕвоно на времето“, локална атракција и историска градба.
Не се употребуваат само традиционални мотиви. Овој од Икома е украсен во индустријален Арт Деко стил.
А тука е прикажана бубачка во стил на цртан филм.
Тука имаме комбинација на традиционални и современи елементи.
Капаците не мора да бидат разнобнојни за да бидат убави. На пример овој и покрај што не е украсен со разни светли бои, сепак успешно ја доловува убавината на расцутените цреши.
Оваа шахта во Камакура е украсена со моазик од камен, придавајќи ѝ класичен изглед.
Овде се оддава почит на бејсбол тимот на Хирошима.
Овие симпатични лигњи ги претставуваат познатите јадења со лигњи во Хокаидо.