Fashion Group го поддржува младиот и талентиран Трајче Ѓоргиев, наш претставник и еден од фаворитите во музичкото шоу “Пинкови ѕвездички”.

Ценејќи го потенцијалот на Трајче, брендовите Celio* и Springfield му подарија облека од колекциите за пролет/лето 2015 година за следниот настап на шоуто.

Овие брендови се наменети за млади, динамични луѓе како што е Трајче и веруваме дека токму тој е претставник на генерација која е модерна и современа во секој поглед. Понудените парчиња облека од двата бренда – Celio* и Springfield, претставуваат совршена комбинација на лежерен и урбан стил соодветна за млади и активни момци.
Fashion Group ги поддржува талентираните луѓе како Трајче Ѓоргиев, па така брендот Bitsiani кон крајот на 2014 година оствари соработка со Даниел Кајмаковски, додека пак Елена Ристеска уште од почетокот на својата кариера, па сè до денес е пријател на брендовите на групацијата, како Mango, Fashion&Friends, Parofois.

Тимот на Fashion Group му посакува многу среќа и успех на талентираниот Трајче кој сигурно ќе продолжи да ја воодушевува цела балканска јавност.

1 (1)

2 (2)

3 (1)

4 (1)

5 (1)

6 (1)

7 (1)

Сподели на Facebook
пати видено