Научниците се приближија поблиску кон откривањето на зората на човештвото во долината Рифт во Етиопија. Велат дека е пронајдена нова вилица која „може да ја пренапише историјата на човечката еволуција“. Може да звучи премногу грандиозно, но секако се работи за големо откритие. Секогаш се крева голем прав кога станува збор за откритија поврзани со човечките почетоци, но ова може да е еден од најголемите пронајдоци во поновата историја. Во научниот труд објавен од Брајан Вилмоар и неговите колеги, почетоците на Homo се поместуваат назад уште половина милион до 2.8 милиони години поради наоѓањето на вилица кај Леди-Герару во долината Рифт во јануари 2013 година.
Фосилот е уникатен по тоа што е целосен и неговите карактеристики се многу современи. Фините детали на короните и начинот на кој се истрошени посочува кон карактеристики видени многу подоцна во еволутивниот пат, така што ова откритие значително ги поместува границите на дебатата за човечките почетоци.
Човештвото сега е блиску до три милиони години старост, што е доста постаро од досегашното верување. Ова откритие исто така значи дека популарните модели на климатските промени кои се врзуваат како причина за почетоците на човечката еволуција исто така може да се отфрли. Оваа вилица е премногу стара за тоа да се објаснува со глобално заладување и промена на вегетацијата во Африка.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.