На 15. март 1906 Хенри Ројс и Чарлс Рос ја основале компанијата Rolls-Royce Limited за производство на моќни автомобили и авионски мотори. Ролс-Ројс набргу ќе прерасне во еден од најпознатите бредовина луксузни автомобили во 20-от век, а нивните машини ќе се прослават со нивната моќ и сигурност како на тркачките патеки, така и во хаотичното небо над Европа за време на Втората светска војна.
Еве мал осврт на почетоците на Ролс-Ројс
Хенри Ројс
Хенри Ројс бил британски инженер и дизајнер на автомобили кој започнал свој електричарски и автомобилски бизнис во 1884г. Својот прв автомобил со десет коњски сили го произведол во 1904 во неговата фабрика во Манчестер. Малку подоцна истата година се запознал со авијацискиот и моторски пионер Чарлс Ролс.
Чарлс Ролс и првиот модел
Ролс бил импресиониран од првата кола на Ројс, Ројс 10, и се согласил да му биде партнер во производството на нови возила. Од тоа партнерство произлегол Rolls-Royce 10 hp, а на 15 март 1996 била формирана Rolls-Royce Limited.
Ролс патувал низ Англија и САД рекламирајќи ја тивкоста и ефикасноста на Ролс-Ројс кој веќе почнал да добива награди за својата издржливост. Но, во 1919 Ролс загинал во авионска несреќа.
Сребрениот дух
Сребрениот дух (The Silver Ghost) бил еден од раните модели на компанијата, почнувајќи да се произведува во 1907. Со него се почна со тврдењето дека Ролс-Ројс ја произведува најдобрата кола во светот – слоган објавен во престижното списание „Autocar“ во 1907г.
Високата изведба на Фантом
Во 1925, Фантом беше понуден како замена за Сребрениот Дух со својот поголем мотор со што Ролс-Ројс требаше да го поправи својот застој во ефикасноста во тоа време. Кон почетокот на триесеттите, моторите на Ролс-Ројс рушеа многу рекорди како на земјата, така и на небо и на море.
Производство на авиомотори
Ролс-Ројс толку длабоко навлегле во производството на авионски мотори што почнале да произведуваат мотори за воздушните сили на Велика Британија. Најпознат меѓу сите нивни прозводи бил моторот наречен „Мерлин“ кој бил употребен во британскиот Спитфајр како и во американскиот Р-51 Мустанг – авиони кои се прославиле во Втората светска војна.
Репутација на луксуз
Во шеесеттите Ролс-Ројс почна да им се допаѓа на љубителите на луксузот, па така многу актери, пејачи и др. славни личности го бираа овој бренд како начин да го изразат својот статус. Џон Ленон дури поседувал Ролс-Ројс бојадисан со психоделичен мотив.
Финансиски проблеми
Во 1971г. како последица на финансиски неуспех на некои од нивните авионски мотори, компанијата била национализирана од страна на британската влада, а производството на автомобили се одвои како посебен ентитет во 1973.
Менување на сопственици
Во текот на следните децении Ролс-Ројс често ги менуваше сопствениците. Британската компанија Викерс го купи Ролс-Ројс во 1980 и го продаде на Волксваген во 1998, кој потоа го продаде на БМВ во 2002г.
Ролс-Ројс Мотор Карс
Со контролата на БМВ врз брендот Ролс-Ројс беше формирана компанијата Ролс-Ројс Мотор Карс. Компанијата продолжи со производството на моделите со кои се прослави во минатото, како Дух (Ghost), Фантом (Phantom) и Призрак (Wraith).
Во чекор со времето
Во 2014г. Ролс-Ројс достигна висока продажба од 4063 луксузни автомобили и продолжува да произведува висококласни луксузни автомобили за своите богати клиенти.