Вулканот Везув еруптирал во 79г. н.е., во близината на денешен Неапол, Италија. Ерупцијата исфрлила облаци од гас, прав и пепел 3200 метри во небото и милиони тони на стопен камен врз непосредната околина. До денес оваа ерупција се смета за една од најкатастрофалните во историјата, а најпозната е поради тоа што ги уништила двата околни града, Помпеја и Херкуланеум. Приморскиот град Помпеја бил затрупан со лава и пепел. Илјадници загинале, а уште повеќе засегоаш ги изгубиле своите домови

Векови подоцна, археолозите го пронашле локалитетот, откопувајќи речиси целосно зачуван град под 25 метри пепел, земја и камења.

v01

Покрај градбите и артефактите, археолозите пронашле отпечатоци во стврднатата почва кои им предизвикале морници.

v02

Отпечатоците биле направени од човечки тела закопани во врелата лава и пепел.

За да ги зачуваат телата, врз отпечатоците бил сипан гипс. На тој начин биле сочувани 13 човечки тела, овековечувајќи ги нивните последни движења додека се обидувале да ѝ избегаат на смртта.

v03

Тие се во свиткана положба, покривајќи си ги лицата со рацете во напразниот обид да се спасат.

v04

Кога ги гледате овие фигури, ги гледате последните мигови на овие луѓе, исполнети со ужас.

v05

Гипсените одливки биле најдени на место коешто некогаш било овоштарник, кадешто се изложени и денес.

v06

Денес местото е наречено „Градина на бегалсците“ и на историското место му дава особен човечки елемент, потсетувајќи нѐ на мажите, жените и децата кои живееле и загинале тука како последица на ужасната катастрофа.

v07

v08

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено